Поздрав од мене. Ова е мојата прва објава. Јас сум од Македонија, уживам да готвам за моите најблиски, се надевам на добро друштво од оваа прекрасна земја со прекрасни рецепти. За мојот прв рецепт решив да ја направам оваа прекрасна торта што ја подготвив за роденденот на син ми, Матеј. Еве што ви е потребно за да ја подготвите:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 600 мл слатка павлака, 150 г маргарин, 200 г чоколадо за готвење, 100 г млечно чоколадо, 450 г петит бисквити (скршени). ЗА ВТОРИОТ ДЕЛ: 200 мл слатка павлака, 50 г маргарин, 100 г чоколадо за готвење, 100 г млечно чоколадо. ЗА ТРЕТИОТ КРЕМ: 200 мл слатка павлака, 2 големи лажици еурокрем, 50 г мелен бисквит.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 300 г бисквити (плазма или петит), 3 кесички пудинг од ванила, 9 лажици шеќер, 1 литар млеко, 200 г путер или маргарин, 1 ванилин шеќер, 4 лажици кисела павлака, 4-5 банани, 200 мл слатка павлака за шлаг.
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Започнуваме со подготовка на првиот дел – ги кршиме бисквитите на парчиња. Останатите состојки ставете ги во тенџере на тивок оган (слатка павлака, маргарин, чоколадото за готвење и млечното чоколадо). Мешајте додека да се стопат маргаринот и чоколадото, внимавајте смесата да не зоврие и да не загори.
Потоа прелијте ја смесата врз искршените бисквити, убаво измешајте да се соединат состојките и смесата префрлете ја во обложен калап број 26. Не кршете ги бисквитите на премногу мали парчиња, нека останат поголеми, за тортата да изгледа подекоративно на пресек.
Добро израмнете и оставете во фрижидер да се стегне околу 30-тина минути. ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ ДЕЛ: Во тенџере на тивок оган ставете ги сите наведени состојки (слатка павлака, маргарин, чоколадото за готвење и млечното чоколадо), мешајте додека да се растопат маргаринот и чоколадото, внимавајте смесата да не зоврие.
Оваа смеса прелијте ја врз првиот дел, кој треба да биде стегнат. Израмнете, па оставете кремот да се стегне во фрижидер неколку часа. ПОСТАПКА ЗА ТРЕТИОТ ДЕЛ: За третиот дел се мати слатката павлака со миксер во шлаг, се додаваат еурокремот и мелените бисквити. Декорираме по желба или со премачкување на целиот крем одозгора. / Сoolinarka.сom Прочитајте ја постапката за вториот рецепт кој можеби ќе ви се допадне уште повеќе од првиот:
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Ставете млеко, шеќер и ванилин шеќер да зовријат. Од 1 литар млеко одвојте малку за разматување на пудингот. Сварете го пудингот вообичаено и додека е уште врел, додајте путер исечкан на листови. Промешајте додека тој да се растопи и соедини со пудингот.
Додајте и кисела павлака и повторно изматете. Бисквитите искршете ги, не мора да бидат многу ситни, па додајте ги во топлиот пудинг. Добро промешајте. Во обложен плех со средна величина излејте половина од смесата и израмнете.
Бананите пресечете ги на половина, наросете ги малку со лимонов сок и наредете ги една до друга. Излејте го остатокот од смесата одозгора, израмнете и оставете да излади. Врз изладениот колач нанесете изматена слатка павлака како шлаг. Можете да направите и чоколадна глазура така што во загреана слатка павлака ќе додадете искршено чоколадо. Промешаната смеса оставете ја малку да излади, а потоа нанесете ја врз колачот.