Високиот крвен притисок или хипертензија е една од најпознатите и нашироко познати болести на модерното време.
Хипертензијата е поврзана со зголемена консумација на алкохол, солена храна, пушењето, дебелината, засилениот стрес и недостаток на спиење. Во одреден момент од животот, секој човек се соочува со висок крвен притисок.
Крвниот притисок може да се зголеми и како резултат на екстремна физичка активност, мускулите се напнати, а тоа влијае на крвните садови.
Повеќе од јасно е дека со цел притисокот да се врати во нормала, треба да се релаксираат мускулите.
Лу Хун Сен, доктор на фудбалскиот клуб на “Спартак” од Москва, ја носи на виделина тајната на древната кинеска медицина.
Според кинеската медицина, соодветниот проток во мускулите и ткивата е една од најважните работи. Ако било каде во телото се појави стеснување на крвен сад, тогаш тој момент е почетна точка на проширувањето на болеста.
Кога на сите точки од телото ќе им се обезбеди соодветен проток на крв, организмот ќе биде во состојба да ја излечи болеста многу брзо. Масажата на клучните точки е многу корисна.
Запишете ја оваа постапка:
Точка 1 – 2
Ова не е точка, туку е всушност линија. Таа оди преку задниот дел на увото, до средината на клучната коска.
Оваа линија не смее да се притиска или масира, туку треба бавно да се допира. Да се прават речиси незабележливи движења со раката, од горе па надолу.
Тоа се повторува 10 пати на едната страна, па повторно и на другата страна уште 10 пати.
Точка 3
Оваа точка може да се пронајде на замислена линија помеѓу увото и носот, започнувајќи од половината на увото, околу 1.5 сантиметри.
Точката се масира со јагодиците од прстите околу 1 минута на секоја страна.
Потребно е да се притиска доволно јако, за да се осети блага болка. Движењето е најчесто во насока на стрелките на часовникот, но нема разлика ако е и обратно, а насоката е покрај точката.
Најважно е тоа што треба да се почуствува притисок на одредена точка.
Направете го овој едноставен третман и вашиот крвен притисок ќе се врати во нормала.