Оваа пита со сирење е толку вкусна што можам да ја правам секој ден…Брз и едноставен рецепт…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 г кори за пита
100 г растопен путер
1 јајце за премачкување
За фил:
500 г урда или ситно сирење
3 јајца
2 лажици кисела павлака
сол по вкус
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад изматете ги јајцата со сирењето, додајте павлака и посолете по вкус.
2.Отворете по две кори и секоја премачкјате ја со растопен путер. Направете 4 засеци како што е прикажано сликата (сините линии):
3.Ставете две лажици фил на едниот крај, палку подвиткајте од страна, па преклопете прво од горниот правоаголник, а потоа и долниот.
4.Повторно ставете фил во средината, пред квадратот, па поклопете го и продолжете го диплењето до крај.
5.Вака здиплените квадрати наредете ги во плех обложен со хартија. Одозгора премачкјате ги со разматено јајце.
6.Печете ги во загреана рерна на 180 степени, 40 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.