Оваа пита секогаш ме отсрамува пред гостите…Најбрзите БУРЕК-ПИНЕРЛИИ со готови кори…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

900 г кори за баклава
125 г путер
125 мл масло
по 1 лажичка брашно за толат
250 г ситно сирење
свеж магдонос по желба

ПОСТАПКА:

1.Прво растопете го путерот, додајте масло и измешајте.

2.Иситнете го сирењето со виљушка и измешајте го со сечканиот магдонос.

3.ПО 4 КОРИ: Земете 2 кори од купот, а другите покријте ги со крпа за да не се сушат. Отворете ги двете кори една врз друга и премачкјате ги со 1.5 лажица маснотија.

4.Намастената кора посипете ја со 1 лажичка брашно просејувајќи го низ цедалка.

5.Потоа одозгорете ставете нови 2 кори и повторно премачкајте со маснотија. На кратката страна распоредете фил.

6.Свиткајте во ролат (ни премногу стегнато ни премногу лабаво) и ставете на плехот за печење.

7.Наредените ролати премачкјате ги со масло и исечете ги на парчиња со големина по желба.

8.Печете ги во загреана рерна на 180 степени додека да поруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/XfX3a3UGqAQ?si=qnqdnGhPEiOYY2v-