Оваа пита е подобра дури и од гибаницата…Буквално секое залче крцка при секој залак…Навистина ја сакам нашата кујна, а питите особено ги обожавам…

Пробав многу рецепти за баница, а овој рецепт стана омилен кај нашето семејство, питата излегува многу вкусна и мека. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г кори за пита
450 г фета сирење
4 јајца
150 г путер
350 мл млеко

ПОСТАПКА:

Најпрво изронете го сирењето со виљушка. Растопете го путерот.

Ставете две кори во плех со средна големина подмачкан со масло или путер. Посипете сирење одозгора, па, повторно распоредете 2 кори и повторете ја постапката додека да се потроши материјалот. Завршете со кори.

Исечете ја питата на коцки и рамномерно посипете ја со растопен путер. Јајцата изматете ги со млекото и со ова залијте ја питата. Протресете го плехот за да се распореди преливот насекаде и да навлезе во засеците.

Ставете да се пече во рерна загреана на 180°C додека да порумени, околу 35-40 минути. Добар апетит! Рецепт на Наталија Андреева.