Читањето на оваа молитва ќе предизвика чуда во вашиот живот!
Оние кои ја читаат оваа молитва велат дека им се случувале најразлични убави нешта. Кај некои на пример, им се јавуваат некои далечни и заборавени роднини кои им оставаат големо наследство, други добиваат покана за некоја нова и многу добро платена работа, или едноставно добиваат понуда која од корен им го менува животот кон подобро.
Молитвата е потребно да се чита наутро и навечер во период од еден месец (иако резултатите понекогаш доаѓаат порано).
Оваа молитва луѓето ја откриле во книгата на Џозеф Марфи “Волшебната моќ на разумот”, кој пак ја открил во некој молитвеник, при посета на некој стар и заборавен манастир.
“Сум ја искористил 3 пати во животот (и сите 3 пати ми се случија неверојатни работи). Одлучив повторно да побарам помош во оваа молитва со обраќање кон Бога за да ми ја услиши и да ми ги отвори патиштата. Ми се случи чудо, неверојатни работи кои не можам да ги објаснам, и наскоро сите работи се средија и моите проблеми исчезнаа.
Знам, дека во вакво нешто е тешко да се поверува. Затоа, оваа молитва одлучив да ја објавам во книга, за да биде достапна за секој кој би се нашол во очајна состојба како мојата, за да му помогне.”
Молитва:
“Даровите од Бога – се моите дарови. Јас ги користам во секој момент од денот. Со мене се во Божествена хармонија, мир и изобилство. Божјата љубов излегува од мене и го благословува секој кој спаѓа во мојата околина. Божествената љубов ме лекува сега. Не се плашам од злото, зашто Бог е со мене.
Јас отсекогаш сум бил опкружен од светиот ореол на Божествената љубов и сила. Јас тврдам, чувствувам, знам и верувам решително и позитивно во тоа дека моќта на Божествената љубов и внимателност се насочуваат, исцелуваат и се грижат за сите во моето семејство и за оние кои ги сакам.
Јас им проштевам на сите и искрено се надевам на Божествена љубов, мир и добрина за сите луѓе, без оглед на тоа каде се тие. Во центарот на моето јадро владее мир, тоа е мирот од Бога. Во оваа тишина ја чувствувам неговата сила, насочување и љубов, како и неговото Свето присуство.
Јас на божествен начин управувам со сите мои патишта. Јас сум чисто олицетворение на Божјата љубов, вистина и убавина. Јас чувствувам како во мене тече неговата река на мирот. Знам дека сите мои проблеми се во мојот ум. Патиштата на Бог – се мои патишта.
Зборовите кои ги зборувам, стигнуваат таму каде ги испраќам. Јас се радувам и искажувам благодарност, знаејќи дека ќе добијам одговор на молитвата. И тоа е така.“
Прочитајте ја искрено, со чувства оваа молитва. И вие сосема сигурно ќе добиете неверојатни резултати. Оваа молитва е универзална. Погодна е за секого и ќе помогне во подобрување на сечиј живот.