ОВАА МЕШАВИНА Е ЧУДO ОД ПРИРОДАТА…Ја подобрува меморијата, ги ТOПИ масните наслаги, го подобрува видот и го чисти црниот дроб…
Еден од најмоќните природни лекови не само што ќе ја подобри вашата меморија за неверојатни 80 проценти, туку ќе ви помогне и да ги стопите масните наслаги со кои се борите со години…
Клучната состојка е ренот кој е богат со витамин Ц, калиум, витамини Б1, Б2 и Б6, како и со железо, магнезиум и фосфор.
Здравствени придобивки од ренот:
1.Коренот од ренот е природен засилувач на отпорноста на организмот. Содржи витамин Ц, калиум, калциум, магнезиум и фосфор, како и витамини од Б групата, а се смета за заштитник од настинки и други сезонски болести.
2.Неговата пикантност се должи на супстанцијата гликозид синигрин, која ги отвора синусните каналчиња при консумирање, а инхалацијата помага и во ублажување на разни други респираторни проблеми.
3.Природниот антибиотик и природниот конзерванс се второто име на ренот, бидејќи е докажано дека спречува размножување на бактерии.
4.Одлична намирница доколку сакате да направите детоксикација, бидејќи го поттикнува чистењето на црниот дроб, како и исфрлањето на штетните материи од организмот.
5. Овој пикантен зеленчук го олеснува и стабилизира варењето и ја поттикнува работата на цревата, особено ако го консумирате со мрсна и солена храна како што е празничното печење.
6.Облогите направени од рендан рен ќе ја намалат вкочанетоста на мускулите, ревматските болки и ќе ги ублажат главоболките…
7.Ренот е и чувар на срцето, кој ја поттикнува циркулацијата и делува превентивно на кардиоваскуларните заболувања.
Внимание:
Активните материи во ренот може да предизвикаат повраќање и дијареа ако се консумираат во големи количини – особено ако подготвувате тинктури од свеж корен со повеќе од 80 мл сок.
Ренот најчесто се ренда свеж или се сервира во коцки, бидејќи кога се готви ги губи најголем дел од своите лековити својства.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
125 грама рен, 4 лимони, 3 лажици мед, 2 лажици цимет и парче ѓумбир (околу 2 сантиметри)
ПОСТАПКА:
Испасирајте рен и ѓумбир во блендер. Исцедете го сокот од лимонот, додајте го во блендерот, добро измешајте, па додајте цимет и мед. Добро измешаната смеса ставете ја во стаклен сад.
УПОТРЕБА:
По една лажица од смесата два пати на ден пред јадење, а доколку вежбате, пред тренинг. Практикувајте го ова три недели и нема да зажалите кога ќе видите феноменални резултати.
Забелешка:
Природните лекови на нашиот портал служат за помош на луѓето и најчесто се лични искуства. Но, секогаш треба да знаете, доколку имате некој здравствен проблем, првото нешто што треба да направите е да се консултирате со лекар. Во никој случај не се потпирајте на алтернативна медицина без стручно мислење.