Home погача Оваа декоративна погача ќе ве воодушеви: мека како душа, а изгледа како...

Оваа декоративна погача ќе ве воодушеви: мека како душа, а изгледа како од пекарница

Ако барате погача што изгледа спектакуларно, а се прави изненадувачки лесно, тогаш овој рецепт ќе ве освои на прв поглед.

Оваа декоративна путер-погача е мека, слоевита и воздушеста, а нејзината форма изгледа како да е направена во професионална пекарница.

Совршена е за празнична трпеза, гости или кога сакате да оставите „леле“-впечаток со минимален напор, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Декоративна погача со путер што изгледа како од пекарница, а се прави лесно. Детален рецепт чекор по чекор со совети за совршен резултат.

🟡 ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

За тестото:
• 150 мл вода
• 150 мл млеко
• 150 мл масло
• 10 г сув квасец
• 2 лажици шеќер
• 550–600 г брашно
• 1 лажичка сол
• НМД

За премачкување:
• 100 г омекнат путер

За премачкување пред печење:
• 1 жолчка
• 2 лажици млеко

🟡 НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

1. Во подлабок сад сипете ги водата, млекото и маслото.
2. Додајте го сувиот квасец и шеќерот, па измешајте додека да се соединат.

3. Постепено додајте го брашното, а потоа и солта.
4. Замесете меко и еластично тесто. Месете додека да стане мазно и да не се лепи.

5. Соберете го тестото, покријте го и оставете го да ферментира на топло место околу 1 час, додека убаво да нарасне.

6. Откако ќе нарасне, нежно притиснете го тестото за да го ослободите вишокот воздух и поделете го на 6 еднакви делови.

7. Секој дел формирајте го во топче и оставете го кратко да одмори.

8. Со помош на брашно, развлекувајте кора со дијаметар околу 35 см (големина на чинија за сервирање).

9. Ставете ја кората врз хартија за печење и премачкајте ја со омекнат путер.

10. Развлечете ги сите кори една по една и наредете ги една врз друга, секој слој премачкан со путер, освен последниот.

Формирање на декоративната погача:
11. Со тап нож или шпатула обележете ѕвезда со 8 триаголници.

12. Сечете ги триаголниците, но не докрај – оставете околу 1,5 см непресечено кон крајот.

13. Секој триаголник превртете го наопаку, кон спротивната страна.

14. Потоа, еден по еден „лист“ од триаголникот враќајте го кон центарот, така што ќе се наредат скалесто.

15. Повторете ја постапката со сите 8 триаголници.

16. Со цевка за сок или тенко стапче притиснете ја средишната линија на секој триаголник – така се добива препознатливиот декоративен изглед.

17. Префрлете ја погачата во плех и оставете ја да ферментира уште 20–30 минути.

18. Измешајте жолчка со млеко и премачкајте ја погачата.
19. Печете во загреана рерна на 180 °C, додека да добие златножолта боја.

👉 По желба, во слоевите можете да додадете таан, афион или сирење. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: