Ова се прави со брзина на молња…ПИТА БЕЗ КОРИ ЗА 5 МИНУТИ…Измати, излеј и испечи…По желба, во тестото можете да ставите и една рендана тиквичка или нешто по ваш вкус…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
2 јајца
1 лажичка сол
1/2 чаша млеко (100 мл)
1 чаша вода (200 мл)
1 1/2 чаша брашно
ПОСТАПКА:
1.Со жица изматете ги јајцата, па соединете ги со млеко и вода. Додајте го брашното и промешајте. Треба да добиете тесто слично како она за палачинки, мазно и без грутчиња.
2.Тепсијата (30 см) добро намастете ја на дното и ѕидовите, па ставете ја во рерна да се загрева на 250 степени.
3.Внимателно извадете ја врелата тепсија и сипете го приготвеното тесто. Вратете да се испече 15-тина минути на 250 степени.
5.По желба, одозгора премачкјате ја со кисела павлака и послужете ја. Постапката погледнете ја ОВДЕ.