Марк Метсон, еден од најпознатите невронаучници објасни дека постот е подобар од било кој лек произведен од фармацијата и нагласи дека придобивките од постењето веројатно намерно се криени од јавноста.
Постојат барем 10 темелни докази за здравствените предности на постот. Некои од нив се намалување на тежината, намалување на високиот кр-вен притисок и намалување на холестеролот.
Вистинското прашање кое треба да се постави во врска со целата оваа ситуација е: зошто никој не е заинтересиран за поголемо истражување во оваа област?! “Зошто нормалната исхрана се состои од три оброка дневно и плус дополнителни ужини?!
Тоа не значи дека таквиот начин е најздравиот. Постои голем притисок и од мали нозе ве учат да се храните на таков начин. Ако не го почитувате таквиот начин на живот и исхрана, индустријата ќе почне да губи пари, па затоа и таквиот принцип на исхрана и живот ви се наметнува.
Ако луѓето постат, прехрамбената индустрија губи пари. Каде е тука фармацијата?! Што ако луѓето имаат привремен пост, вежбаат редовно и живеат здраво, како фармацијата ќе заработи пари од тие здрави луѓе?!” – изјави Марк Метсон.
“Повремениот пост стана мојот начин на живот. Се чувствувам извонредно добро. Физички и психички, мислите ми се јасни и фокусирани. Мојата енергија ескалира до небо. Порано во 3 часот попладне имав голема криза од умор, но тоа е веќе минато, повеќе не ми се случува.”- додава за крај познатиот невронаучник.
Кои се придобивките од ваквиот начин на живот?
Со ваквиот начин на исхрана, ќе уживате повеќе и во јадењето. Нема да гледате само да се најадете што е можно побрзо. Исто така, одлучив да почнам и со вежбање (трчање и истегнување), веднаш штом ќе се разбудам на празен стомак.
Мислев дека ќе бидам слаб и ќе чувствувам вртоглавици со празниот стомак, но напротив, бев мотивиран и полн со енергија. Постот и вежбањето во комбинација е одличен начин за топење на маснотиите во организмот.
Повремениот пост има разни здравствени бенефити, од намалување на нивото на холестеролот, до намалување на стресот, меѓутоа одредени групи на луѓе би требло да го одбегнуваат.
Диетата која вклучува повремено гладување може да се применува на дневна база, на два начини. Првиот се однесува на консумирање на храна само во ограничен период од шест до осум часа, а вториот вклучува консумирање на помал оброк од 500 калории, два дена неделно – појасни Марк Метсон.
Повременото гладување влијае врз празнењето на залихите од глукоза во црниот дроб и на активација на телесните масти како енергетски извори.
“Таквите обрасци за консумирање на храна можат да ја зголемат отпорноста на стрес, да ја подобрат регулацијата на шеќерот во кр-вта со намалување на кр-вниот притисок, липидите во кр-вта и отчукувањата на срцето во состојба на мирување”, изјави професорот Метсон, додавајќи дека истите резултати ги имале и во поранешните студии спроведени на луѓе и животни.
Повремениот пост на подолг временски периос може да биде тежок, смета началникот на Одделението за кардиоваскуларно здравје и липидологија во њуројршката Sandra Atlas Bass Heart Hospital, д-р Гај Л. Минц, кој не учествувал во оваа студија.
Тој истакнува дека некои студии упатуваат на тоа дека поедини пациенти консумираат повеќе храна во деновите на пост, а помалку во текот на празниците какви што се Нова година и Божиќ, мислејќи на класничното религиозно постење, а не на буквалното постење кое го препорачува професорот Метсон.
Тој оди спроти тврдењето на проф.Метсон и неговото истражување, па ги повикува одредени групи на луѓе да го одбегнуваат привремениот пост, а меѓу нив се и лицата кои не патат од вишок килограми.
“Повременото гладување во никој случај не е добар начин за исхрана на луѓето како што се дијабетичарите на лекови и/или на инсулин”, изјавил професорот Минц. “Ваквиот начин на консумирање храна не е ниту за постарите пациенти.
Треба да се биде внимателен кога е во прашање потенцијалната хипогликемија, бидејќи последично постарите пациенти може да паднат, што повторно може да резултира со фрактури”, смета овој професор.
Останатите прелиминарни испитувања спроведени на животни упатуваат на тоа дека повремениот пост може да го одложи почетокот на развој на Алцхајмерова болест и да се спречи развојот на кар-цином, а и во таа студија стои дека е потребно да се спроведат дополнителни истражувања.
Авторите на оваа студија заклучуват дека мала е веројатноста дека повремениот пост ќе наиде на широка примена. “Исхраната која се состои од три главни оброци и два меѓуоброци во толкава мера е “всаден” во нашата култура, па веројатноста дека гладувањето ќе заживее во развиените земји е многу мала.
Истовремено голема препрека претставува обилството храна која се нуди на пазарот и доста агре-сивниот маркетинг во сите развиени држави ширум светот”, заклучуваат авторите. Презентацијата на невронаучникот Марк Метсон можете да слушнете ОВДЕ.