Вегански ролати со леблебија и ориз во ароматичен сос од таан и лимон
Овие крцкави ролати се вистинско откритие – нежни одвнатре, златни и крцкави однадвор, со интензивен мирис на печен лук и сусам.
Комбинацијата од леблебија и ориз ги прави заситни и богати со протеини, додека слаткаво-киселкастиот сос од таан и јаворов сируп им дава неодолива карамелизирана обвивка.
Совршени се како топла вечера, за подготовка однапред или за брз семеен оброк, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
За ролатите:
100 г ориз
150 г варена или конзервирана леблебија, исплакната
4 чешниња лук
1 поголем кромид
2 лажици скроб
2 лажици нутритивен квасец (зачин, во вид на лушпички-не ферментира како обичниот квасец, туку дава вкус)
сол по вкус
црн пипер по вкус
1 лажичка слатка димена или обична црвена пиперка
2 лажици бел или мешан сусам
брашно по потреба (за обликување)
НМД
2 лажици бел или мешан сусам (за обложување)
2 лажици маслиново масло за пржење
За сосот
маслиново масло по потреба
1 чешне лук
4-5 лажици јаворов сируп
1 лажица сок од лимон
1 лажичка таан паста
100 мл зеленчуков булјон
За посипување
црн сусам (по желба)
свеж магдонос


ПОСТАПКА:
Сварете го оризот во малку посолена вода и тргнете го настрана да се олади.
Сос: пропржете едно ситно исечкано чешне лукче во малку масло, додајте лимонов сок, јавороров сируп, промешајте па додајте таан.
Повторно промешајте и постепено додајте булјон. Гответе додека малку да згусне, неколку минути, па тргнете настрана.
Смеса за ролати: ситно исечкјате ги кромидот и лукот, па ставете ги во подлабок сад.
Додајте го сварениот наут (или од конзерва, исцеден), 2 лажици сусам, 1 лажичка црвен пипер во прав, 2 лажици нутритивен квасец (не пекарски!), 2 лажици скроб, сол и црн пипер по вкус, па промешајте.
Додајте го сварениот и исцеден ориз, па промешајте за убаво да се изедначи смесата. Потоа со рачен блендер испасирајте ја во пире.
Започнете постепено да додавате по малку брашно сѐ додека да добиете тесто кое лесно се обликува со раце. Обликувајте ролати со должина на дланка и со приближна дебелина на орев.
Од оваа количина ќе добиете приближно 8 ролатчиња.
Загрејте малку масло во широка тава и пропржете ги ролатите на умерена температура додека да заруменат од сите страни.
Потоа додајте го претходно подготвениот сос и гответе додека малку да се карамелизира. Послужете ги топли, посипани со црн сусам и по желба со дополнителен прелив од сос.
Овие ролати се вистински празник за сетилата – крцкави, кремасти и полни со арома на лук и сусам. Добар апетит! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































