Овој природен лек може да ги одржува зглобовите во добра состојба, да ги намали болките и истовремено да елиминира бројни проблеми кои им се пропратни на овие тегоби.
РЕЦЕПТ:
-Исчистете 300-400 г лук, па ситно исечкајте го.
-Сечканиот лук ставете го во стаклена тегла и прелијте го со 1 литар квалитетно, ладно цедено масло (маслиново, сончогледово…).
-Затворете со капак и оставете ја теглата на темно место на собна температура, да одлежи две седмици.
-Не заборавете секојдневно да ја протресувате теглата.
-На крај ќе добиете масло од бел лук, кое треба да се процеди низ 3-4 слоеви газа или двапати низ ситна пластична цедалка.
УПОТРЕБА:
-Маслото се втријува во болните места, на пример во долниот дел од грбот (на крстот) при остеохондроза, болки во грбот или болни зглобови на рацете и нозете при артроза.
-Се покрива со најлонска кеса и се затоплува преку ноќ (на раце – ракавици), на нозе – чорапи, некоја памучна облога).
Лукот ја подобрува циркулацијата на крвта во болните зглобови, а со самото тоа помага во воспоставување на нивните функции. Терапијата би требало да трае два месеци.
Пред употреба на природни средства задолжително консултирајте се со вашиот лекар.