Кога бевме деца не можевме постојано да јадеме месо и моравме да штедиме, а кога баба ми ќе ни направеше нешто похувано веднаш трчавме и јадевме додека да си ги излижеме сите прсти. Многу сакавме похувано месо, но како што кажав не можевме секогаш да си дозволиме, па баба ми смисли субститут за него.




Колку и да звучи чудно, јас до ден денес си го правам ова јадење. Не дека не можам да си дозволам да си купам месо, но ми имаат останато некои сеќавања и вкусови од детството. Во продолжение прочитајте за што се работи. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 големи јајца, 1/4 лажичка сол, 1,5 лажичка коцка за супа во прав, 250 г брашно, 3/4 лажичка прашок за печиво, вода и уште малку масло за готвење.




ПОСТАПКА: јајцата скршете ги во еден сад и во нив додајте половина лажичка сол и 1/2 лажичка прашок од коцка за супа. Убаво измешајте, па во нелепливо тавче ставете половина лажичка масло. Почекајте да се загрее и направете омлет кој не треба да го мешате, да изгледа како голема палачинка.




Јајцата треба да се испржат како палачинка од едната страна, па потоа вртите од другата и чекате да заруменат и од таа страна. Вадите на плитка чинија и почекувате малку да се олади, па сечете во вид на пица, на 8 парчиња.




Настрана направете ја следнава смеса: на едно место ставете 250 г брашно измешано со половина лажичка сол и половина лажичка прашок од коцка за супа. Овој прашок се става за збогатување на вкусот, во секој случај може да користите и комбинација од различни зачини.




Од оваа смеса од суви состојки издвојте 3-4 супени лажици настрана во друг сад. Додајте доволно вода околу 4-6 лажици и убаво измешајте додека да се направи течна и еднолична смеса без грутки. По потреба додајте повеќе вода.




Секое парче од јајцето валкајте го прво во брашно, а потоа во течната смеса. Повторете го процесот на двапати, а потоа сите похувани јајца се пржат во длабоко масло додека да заруменат.




Ако сакате да ја зголемите количината, зголемете ги состојките соодветно. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.