Ова едноставно е кулинарски ВРВ! Многу едноставно, а многу вкусно јадење…мора да го пробате! Сè одеднаш ставате и го пакувате во ленти од сланина, а крајниот резултат ќе ве воодушеви. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

сланина: 400 г
компири: 2
сол: 5 г
црн пипер: 5 г
слатка пиперка: 5 г
свинско месо: 300 г
рендан кашкавал (чедар): 200 г
јајца: 6
калап 10х22 см (за леб)

За салата:
домати: 2
мали краставички: 3
зелен кромид: 50 г
магдонос: 30 г
нане: 10 г
масло: 30 мл
сок од лимон: 10 мл
сол: 10 г
црн пипер: 5 г

ПОСТАПКА: Обложете го калапот со тенки ленти сланина, така што секое парче се надоврзува на претходното, а половина излегува надвор од калапот (за да може подоцна да се преклопи содржината со која ќе се исполни внатрешноста).

Компирите исечете ги на тенки ленти како за чипс и наредете еден слој на дното. Посолете и запиперете со црн и црвен пипер.

Парчињата свинска кртина истенчете ги со кујнски чекан. Наредете еден слој врз компирите. Врз месото посипете еден слој рендан кашкавал. Наредете втор слој компири и повторно посолете и запиперете.

Наросете втор слој рендан кашкавал, па повторно слој месо. Притиснете добро.

Одозгора сипете 6 јајца без да ги матите. Нежно преклопете ги лентите сланина. Завиткајте го калапот со алуминиумска фолија и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 45 минути.

За тоа време пригответе ја салатата: зеленчукот исечкјате го на коцки и зачинете го. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.