Уште малку ќе дојде време за подготвување зимница од пиперки, па добро е да се знаат неколку проверени рецепти кои секој може да си ги подготви дома. Оваа т.н. мусака се подготвува за 5 минути, а потоа се става на печење.




Ја правам речиси преку цело лето, бидејќи е доста лесен и нутритивен оброк од кој сите сме најадени. Не ви требаат многу состојки, а истите веќе ги имате во кујната, а од овој ручек сите ќе бидат воодушевени. Фото и рецепт на Валентина Машковиќ. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1,5 кг печени пиперки, 500 г сирење по ваш избор, 3-4 јајца, 300 г грчки јогурт. ЗА ПРЕЛИВ: 1 главица бел лук или по вкус, 1 домат, маслиново масло, зачини како сол, црн пипер, сув магдонос, оригано, црвена зачинска пиперка.




ПОСТАПКА: Во еден плех наредете ги пиперките една до друга и намастете ги со малку масло. Ставете да се испечат во рерна додека да потемнат и да омекнат. Потоа оставете да се оладат, па отстранете им ја лушпата и семките од нив.




Измерете околу 500 г тврдо сирење по ваш избор и издробете го на ситни парчиња. Најдобро е прво да го пробате сирењето, за да знаете колку сол да ставите во пиперките и во филот кој се подготвува на следниот начин:




Излупете и ситно исечкајте ги чешнињата лук, а може и да ги издробите доколку имате специјална направа за тоа. Посолете ги по вкус, додајте црн пипер, оригано, сув магдонос и црвена зачинска лута пиперка. Според количината, додајте маслиново масло и соединете го филот.




Во помал огноотпорен сад намастете го дното со малку масло. Ставете половина од пиперките и добро распоредете ги, па одозгора наредете половина од издробеното сирење. Потоа ставете половина од смесата со лук.




Се повторува истата постапка, пиперки, па сирење, дополнително што на крајот се става и смесата со јајца: 3-4 јајца, измешајте ги со малку сол и 300 г грчки или обичен јогурт. Со оваа смеса прелијте го сирењето, па со лажица направете вдлабнатини за смесата да продре и во внатрешноста на мусаката.




Одозгора наредете ја преостанатата количина од смесата со лук и наредете еден ситно сечкан домат на кругови. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, 20 минути и уживајте во прекрасното јадење. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.