ОВА Е ТАЈНАТА ЗА КРЕМАСТА ЧОРБА БЕЗ ЗАПРШКА…Вкусен и хранлив оброк полн со витамини…Се чини дека денес домаќинствата ретко готват и се хранат со чорбеста храна.

Поради недостиг на време најчесто се приготвуваат некои брзи јадења, смрзнати-одмрзнати, пржени или печени, купечки индустриски преработки, а старата традијација за вкусни, топли чорбички како полека да се заборава.

Чорбата може да се готви со било кое месо, пилешко, јунешко, телешко..а, од зеленчук може да се стави буквално сè што ви е по вкус: карфиол, брокула, кељ, компир, грашок, боранија, морков..Еве што ви е потребно според рецептот на Бојана за вкусна пилешка чорба:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 големи моркови, 3 компири, корен од магдонос, корен од пашканат, корен од целер, месо по избор, свежа црвена пиперка, 2 чешниња лук, целеров лист, 1.5-2 литри вода, 1 лажичка сув зеленчуков зачин (вегета), сол, црн пипер и магдонос по вкус

ПОСТАПКА:

Зеленчукот добро измијте го и исчистете го, по потреба излупете го, а потоа исечкјате го. Компирите исечете ги на коцки со големина на залак или по желба, но приближно со иста големина за да се свари рамномерно.

Кромидот е помек, па можете целата главица да ја пресечете само на половина. Морковите исечете ги на парчиња со големина слична на компирот. Од зеленчук, освен наведеното, може да додадете и нешто друго, што имате во фрижидер.

На ист начин исечете го пашканатот и целерот, па додајте ги парчињата месо претходно измиени и исчистени.

Доколку имате, не пропуштајте да ставете и свежа црвена пиперка (ако е голема, доволно е само половина), зашто на чорбата и дава неодоливо примамлив вкус. Додајте 2 чешниња лук, целеров лист или магдонос.

Потоа сето залијте го со ладна вода, сè да се прекрие, приближно два литри вода.

Ставете на оган, па откако ќе зоврие намалете на ниска температура и оставете да се готви приближно еден ипол час или додека месото да омекне. Колку подолго се готви чорбата, толку станува поубава и повкусна.

Кога чорбата ќе се свари, извадете го месото и исечете го колку можете поситно (евентуалните коски отстранете ги), а за тоа време со рачен миксер изблендирајте го зеленчукот во чорбата. Матете долго додека сето да стане мазно и кремасто.

Потоа исеченото месо вратете го во чорбата, а тенџерето повторно ставете го на топла рингла и оставете да се готви уште 5 минути со промешаување.

Додајте ги посакуваните зачини, оставете да се растопат и вашата чорба е спремна за послужување. Деталите погледнете ги ОВДЕ.