Потребни состојки за тесто:

  • 250 мл млака вода
  • 3 чаши брашно (750 г)
  • 1 мала лажичка сол
  • 100 мл масло

За фил:

  • 1 кг младо сирење
  • 1 чашка милерам
  • 1 мала лажичка сол
  • 2-3 јајца

За премачкување:

  • 1 чашка милерам

Постапка:

Од млаката вода, брашното, 100 мл масло и 1 лажичка сол замесете мазно, за раце лепливо тесто. Поделете го на 3 топчиња и премачкајте ги со масло. Оставете ги покриени на чинија да отстојат околу 20 минути.

Во меѓувреме подгответе го филот од младо сирење, милерам, јајца и сол. На побрашнета површина првото топче со раце малку растегнете го, како тесто за пица, намастете го од горната страна и полека со прстите тегнете го додека да добиете проѕирна кора преку целата маса. Се почнува нежно од средината кон краевите и така во круг.

Корите премачкајте ги со малку масло, и врс секоја ставете 1/3 од филот. Преполовете ги корите на половина по средината така да формирате две витки. Свиткајте ги корите и редете ги во намастена тепсија во вид на полжав. Печете 25-30 минути на 250 степени додека да зарумени, а потоа извадете, премачкајте со милерам и вратете да се допече уште 15-тина минути на 170 степени.