Ова е нешто највкусно што сме јаделе досега, а се прави прелесно…Изненадете ги сите со оваа едноставна пита хармоника…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
околу 300-400 г готови кори за пита (приближно 15)

За прелив:
1 чаша газирана вода (200 мл)
1 лажичка прашок за печиво 3 г
2 јајца
70 мл масло
100 г ситно сирење

ПОСТАПКА:

1.Корите исечете ги на ленти, па со прстите собирајте ги лепезесто и редете ги во калап за куглоф или во намастена тепсија во чија средина сте поставиле чаша.

2.Во подлабок сад измешајте ја газираната вода со прашокот за печиво, па додајте ги јајцата и маслото и повторно промешајте. На крај додајте го ситното сирење.

3.Рамномерно распоредете го преливот врз корите и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 25 минути.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.