Ова е највкусното јадење со пилешко месо што некогаш сме го пробале…Многу брз и вкусен рецепт…Прсти да излижеш…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За маринада: маслиново масло, сол, црн и црвен пипер, сува зеленчукова мешавина
2 парчиња бело месо исечено на тенки шницли
1 главица кромид
1 морков
1/2 корен од целер
брашно за валање на месото
50 мл + 300 мл вода
50 мл доматен сос
1 конзерва грашок
1/2 китка магдонос

ПОСТАПКА:

1.Намастете го месото, зачинете го, добро истријте го и оставете го преку цела ноќ да се маринира. Следниот ден секоја шницла валајте ја во брашно и пржете 5 минути во умерено загреано масло.

2.Извадете го прженото месо во чинија, а во истата тава испржете ситно сечкан зеленчук (кромид, морков и целер). Штом малку омекне сипете вода, доматен сос и зачини по вкус. кога ќе испари течноста додајте уште 300 мл вода.

3.Вратете го месото назад и динстајте уште 20 минути. Додајте ситно сечкан магдонос и грашок од конзерва (или претходно сварен) и динстајте уште 5 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.