Поради неговите лековити својства, домаќинките често го подготвуваат со претходно варење, но сепак е најздраво кога е сирово.
Меѓутоа, со оглед на тоа што цвеклото расте во земјата, има многу силен вкус, па многумина избегнуваат да го јадат сирово.
Сигурно ви е позната класичната „ТРИО“ салата од рендан морков, рендана зелка и рендано цвекло, сите зачинети со сол, масло и оцет, а послужени како „топки“ една до друга, за да дојдат до израз нивните бои.
Меѓутоа, постои и еден друг рецепт, кој веруваме дека многу ќе ви се допадне. За вас подготвивме здрав и брз рецепт за сирова салата од цвекло која со задоволство ќе ја подготвите и јадете со ентузијазам.
Освен што е многу вкусна, таа изобилува со исклучителни хранливи материи кои му се потребни на организмот, токму во овој период од годината кога владеат грипови и вирози. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 главици цвекло
1 главица кромид
3 чешниња лук
1 лажичка сол
1 лажица масло
2 лажици оцет
грст сечкани ореви
магдонос за декорација
ПОСТАПКА:
Цвеклото изрендајте го, посолете го и убаво измешајте. Додајте оцет и оставете ја салатата во фрижидер. За тоа време ситно исечкајте ги оревите, кромидот и лукот.
Цвеклото извадете го од фрижидер, додајте масло, лук, кромид и ореви. Сè убаво измешајте и декорирајте со свеж магдонос. Прочитајте: „ЦВЕКЛО САЛАТА: Најздрава, а најлесна за подготовка, многу вкусна и здрава“ – ОВДЕ.