Нутриционистите се сложни во едно – најлошата намирница која можете да ја одберете за појадок се бананите! Признајте дека токму тие честопати се вашиот избор за прв оброк во денот, особено ако сте зафатени, па појадувате на работното место. А зошто е тоа така, па нели бананите се здрави и полни со витамини?
Бананите се слатки, брзо заситуваат, даваат енергија и делуваат како здрав избор. Сите знаат колку ова егзотично овошје е добро за организмот – го подобрува имунитетот, но ги смирува и нервите, ги опуштаат мускулите, а богати се со калиум и витамин Б6. Сепак, сето ова не ги прави доволно добар избор за утринскиот оброк, предупредува познатиот холивудски нутриционист Дерил Џофри, кој ја создаде Alka Mind диетата.
Џофри вели дека причината за тоа е нивната висока содржина на фруктоза – една банана содржи околу 25% шеќер. Фруктозата предизвика нагло скокање на инсулинот. Брзиот пораст, исто така и брзо паѓа, а како резултат на тоа се јавува потреба за храна, потешкотии за концентрација и умор.
Интересно е дека внесот на шеќер во раните утрински часови предизвикува и лоша дигестија и мрзливи црева. Доколку сепак не сакате да се откажете од вашата утринска банана, решението е да ја комбинирате со добри масти. Добри масти се на пример јогурт, сирење, бадеми, чија семе, цимет, кокосово масло… Само со додаток на масти, телото е во состојба да ги разложи хранливите состојки од бананата и да го одржи нивото на инсулинот на нормално ниво.
Да се потсетиме, овој доктор осмисли едноставен, но строг принцип на исхрана кој овозможува лесно слабеење: од исхраната за некое време мора да ги исфрлите млечните производи, алкохолот, месото, кафето, шеќерот и глутенот. Наместо тоа, предлага исхраната да се збогати со темнолистест зеленчук и други „базни“ намирници. Треба да се одбегнува и овошјето, бидејќи според принципите на оваа исхрана, шеќерот си е шеќер, без разлика во каков облик доаѓа.