Потребни состојки:
300 г брашно
3 жолчки
малку сол
малку рендана кора од лимон
околу 100 мл млеко
20 г квасец
за фил:
100 г путер
100 г шеќер
1 ванилин шеќер
за прелив:
100 мл млеко
1 лажица шеќер
Постапка:
Од наведените состојки замесете тесто со приготвен квасец и оставете да одмора 20 минути.
Потоа развлечете кора со дебелина од околу половина сантиметар, со димензии од околу 35х35 см, па преку целата површина премачкајте со фил од изматен путер и шеќер.
Свиткајте како ролат и сечете на парчиња 4 см долги. Ружичките редете ги на намастен плех, но внимавајте да не се допираат.
Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. Пред крај на печењето, ставете да проврие млеко и шеќер, па додека е уште топло прелијте преку секоја ружичка. Запечете уште малку.