Ова домашно „ЗЛАТНО МАСЛО“ е милион пати посилно од купечкото…делува дури и кај длабоките брчки…Ако и вие ја цените домашната, природна козметика, тогаш запишете си го овој рецепт. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За златно масло:
рендана кора од 1 лимон
рендана кора од 1 портокал
1 морков со средна големина
100 мл маслиново масло

За серум:
1 супена лажица овесни снегулки
200 мл вода
1 мала лажичка „златно масло“
2 лажички алое вера гел

ПОСТАПКА:

1.ЗЛАТНО МАСЛО. Добро измијте ги цитрусите со сода бикарбона и изрендајте. Морковот изрендајте го исто така и сето заедно помешајте го со маслиново масло.

2.Садот со маслото поставете го во поширок сад обложен на дното со крпа и залиен со вода (до половина на садот со маслото). Загревајте го маслото 40 минути на водена бања (водата не смее да врие).

3.Оставете да се олади па процедете го. Чувајте го во соодветен стаклен сад во фрижидер, до 6 месеци.

УПОТРЕБА: Неколку капки на чиста кожа од лице, врат и деколте, 2 часа пред спиење. Нанесете со нежна масажа и оставете да делува преку цела ноќ.

1.СЕРУМ. Една лажица овесни снегулки потопете во чаша вода и варете 3-5 минути од моментот на зовривање. Потоа сомелете во блендер до мазна конзистенција, па процедете.

2.Додајте една лажичка златно масло и две лажички алое гел. Добро промешајте за да се изедначи.

3.Сладирајте го серумот во соодветен сад и чувајте го во фрижидер до 14 дена.

УПОТРЕБА: Неколку капки од серумот нанесете со нежна масажа на чиста кожа од лице, врат и деколте. Оставете да се впие и да делува. Постапката погледнете ја ОВДЕ.