Потребни состојки:

500 г сливи без коски

500 г суви смокви

500 г ливадски мед

50 г мелено лист од сена (мајчин лист) – лаксатив

ПОСТАПКА

Сувите смокви сомелете ги двапати да бидат добро уситнети, а сувите сливи е доволно и само еднаш. Најдобро е да ги мелете во некој помоќен блендер, а доколку немате таков, сомелете ги во машина за мелење месо.

Листот од сена купете го од Билна аптека, како чај. Сите состојки добро измешајте ги, а смесата складирајте ја во стаклена тегла која ќе ја чувате во фрижидер.

Навечер изедете по една лажица од оваа супер вкусна домашна смеса. Користете по потреба, најдобро неколку дена по ред. Се’ зависи од организмот.