Јаболковиот оцет е многу ценет во природната медицина. Освен што се користи како зачин за салати, оваа „златна“ течност претставува многу ефикасен лек за бројни здравствени состојби, меѓу кои се настинката и бактериските инфекции.




Основа за природниот лек се јаболковиот оцет и медот. Бидејќи ова е народен рецепт, постојат многу варијации во неговиот состав. Покрај јаболков оцет и мед, се додаваат рен, ѓумбир, лути пиперки, лук и кромид. Исто така, може да се користат куркума, цитруси и некои други лековити билки.




Смеса против бактерии и прекумерна т ежина. Оцетот поседува антибактериски и антиоксидантни својства. Анализа од 2021 година покажала дека мешавината од мед, јаболков оцет и некои други билки може да бидат корисни во бор-бата против отпорната бактерија стафилококус ауреус (Staphylococcus aureus) и во третманот на отпорната ешерихија коли.




Постојат искуства кои тврдат дека оваа мешавина во комбинација со нискокалорична исхрана, може да биде ефикасна стратегија за бор-ба против дебе-лината, намалување на нивото на холестеролот и триглицеридите, а истовремено зголемување на „добриот“ холестерол.




МЕД. Природниот мед е неопходна состојка во овој е ликсир. Медот со векови се користи како антимикробен и антибактериски агенс. Може да помогне при алергии, да ги ублажи б олките во грлото и богат е со антиоксиданси, главните бор-ци против слободните радикали.




Ѓумбир. Овој зачин често се користи во комбинација со мед и јаболков оцет. Многумина го користат ѓумбирот како домашен лек за б олка и воспаление. Исто така, корисен е за стомачни проблеми и може да го намали нивото на шеќер во кр-вта.

Исто така, се користи за ублажување на б олки во мускулите, артритис, гр-чеви. Студија од 2019 година покажува дека ѓумбирот може да биде корисен во третманот на ревматоиден артритис.




Рен. Се користи при лекување на воспаление на синусите, чести настинки, кашлање, инфекции на уринарниот тракт и дишните патишта, камења во бубрезите. Анализите од 2021 година покажуваат дека рекомбинантната варијанта на ензимот изолиран од рен, може да биде корисна во целниот третман на некои форми на рак.




Кромид. Може да биде корисен за намалување на ризикот од рак на желудник и рак на дебелото црево. Екстрактот од кромид е ветувачки антикан-цероген агенс.

Лук. Може да помогне во лекувањето на голем број состојби, вклучувајќи атеросклероза, остеоартритис, висок кр-вен притисок, висок холестерол, срцеви заболувања и некои видови на рак.

Лута пиперка. Има анти-воспалителни и антиоксидантни ефекти. Ја подобрува циркулацијата на кр-вта, ја ублажува б олката, го забрзува метаболизмот и го олеснува варењето.




Други состојки

Покрај наведените состојки, некои билкари додаваат цитруси, куркума, рузмарин, мајчина душица и цимет. Куркумата, која е вообичаена состојка во оваа мешавина, се користи за ублажување на б олката од артритис како средство за гу-бење те-жина и проблеми со варењето.

Цитрусите, како што се лимоните и портокалите, содржат антиоксиданси кои можат да помогнат во намалување на воспалението и намалување на холестеролот. Мајчина душица, која се додава на овој оцет, може да помогне во подобрувањето на функцијата на мозокот и меморијата, а рузмаринот се смета за средство за подобрување на расположението и намалување на возне-миреноста.




Несакани ефекти и кој треба да ја избегнува оваа мешавина

Кај некои осетливи луѓе, оцетот може да предизвика иритација на желудникот. После пиење/земање на мешавината и општо после конcyмација на цитруси и слично, не се препорачува миење на заби, бидејќи „киселината“ ја омекнува глеѓта и истата може да ош-тети и да предизвика создавање на кариес.

Луѓето со дигестивни или метаболички нарушувања, бремени жени, доилки и па-циенти на терапија, треба да се конcyлтираат со лекар пред да го користат овој природен препарат.




РЕЦЕПТ. Советот е да користите еднакви делови од рен, кромид, лук и ѓумбир, така што аромата на некој од состојките да не е доминантна. Сите овие состојки се сечкаат и се ставаат во стаклена тегла исполнета со јаболков оцет.

Додајте лута пиперка и други лековити билки по вкус. Теглата се затвора и добро се протресува. Под металниот капак ставете целофан или парче хартија за печење за да спречите корозија и ‘рѓа. Чувајте ја теглата на суво и ладно место 4 недели, не повеќе, бидејќи оцетот може да ги распадне другите состојки. Протресувајте ја теглата по малку секој ден во текот на тие 4 недели.

Процедете низ газа. Додајте мед по вкус и добро измешајте. Мешавината користете ја при првите симптоми на настинка. Една до две лажици од овој оцет се користат за зајакнување на имунитетот. Може да се разреди во чаша вода и да се користи како додаток на салати, супи, чаеви, чорби.