Лесно и брзо направете похувано бело месо полнето со шунка и кашкавал, исто како да го приготвиле во најелитните ресторано. Отсега само вака ќе го похувате месото, а нема да биде ниту суво ниту безвкусно, ако покрај вообичаениот пох му додадете уште две состојки. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: пилешко бело месо – филе, шунка исечена на тенки листови, чедар кашкавал, 2 јајца, брашно и презла. Количините се произволни и зависат од количината на месото што ќе го приготвувате. Исто така, месото можете да го зачинувате по вкус. Во овој рецепт Дани го презентира најдобриот начин на похување:




ПОСТАПКА: Пилешкото филе потребно е да го исечете на тенки ленти, како шницли. Ако месото е подебело, тогаш сечете го надолжно на две или три ленти. Потребно е да имате парен број на ленти месо.

Бидејќи месото е доста тенко, нема потреба да го зачинувате, бидејќи ќе ја прими солта од шунката и кашкавалот, но доколку сакате, можете да го зачините месото по желба.




Врз секој стек наредете тенко исечен чедар кашкавал (или каков имате) и по два тенки круга шунка, превиткани на половина за да се покрие кашкавалот. Врз шунката повторно наредете тенки листови кашкавал.




Најпосле поклопете со уште едно тенко парче бело месо. Значи „сендвичот“ за похување се реди по овој распоред: тенка филета бело месо, кашкавал, двојна шунка, кашкавал и филета. Во брашното за похување додајте малку сол и мелен црн пипер, па промешајте.




Секој „сендвич“ добро обложете го со брашното од двете страни. Потоа пригответе два сада: во едниот изматете две јајца, а во вториот ставете лебни трошки/презла. „сендвичите“ од пилешки филети по тој редослед похувајте ги: во јајца, па во презла.




Откако ќе го завршите похувањето, на оган ставете нелеплива или грил тава и во неа загрејте малку масло на умерена температура (на 3). Спушјате ги похуваните филети во загреаното масло и пржете ги по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат.




Послужете ги топли со пржени или печени компири, а совршено би одговарал и тартар сос. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.