Гуменото и жилаво тесто претставува проблем за сите домаќинки. Понекогаш грешката е во долгото месење, кое го стврднува тестото, но понекогаш и до состојките во самото тесто. Постои еден многу едноставен трик, кој секогаш гарантира дека тестото ќе биде воздушесто и меуресто, а тоа е додавањето на 1 лажица оцет.
Подгответе ги овие печива, кои растат како перничиња, а одозгора се филувани со ситно сечкан зеленчук и се наросени со малку кашкавал. Се подготвуваат многу лесно и едноставно, не ви треба оклагија. Постапката оди брзо, така што ќе ви биде потребно само 2 часа за да ги направите, сосе стасувањето на тестото.
Важно е да запамтите дека при печењето не треба да се отвора вратничката на рерната. Овие печива се многу вкусни да ги јадете така, но бидејќи излегуваат шупливи во средишниот дел, можете да ги филувате со некоја кремаста салата или нешто по ваш избор. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша топла вода (200 мл), 1 чаша топло млеко (200 мл), 1 белка, 1 лажица гранулиран шеќер (16 грама), 1 лажичка оцет (6 мл), 1 кесичка сув квасец (10), 4 лажици маслиново масло (48 мл), 1 лажичка сол (8 г), 5 чаши брашно (600 г), 1 лажичка путер (10 г). За премачкување: 1 жолчка, 1 лажица јогуст, 1/2 свеж црвена пиперка, 3 зелени пиперки, 60 г чедар кашквал или некој друг по ваш избор.
ПОСТАПКА: Загрејте го млекото да биде млако, па сипете го во подлабок сад во истовремено ќе додадете 1 чаша топла вода. Додајте 1 лажица шеќер и 1 кесичка сув квасец, па промешајте додека да се растворат во млекото и водата. Потоа додајте едно една белка на собна температура (жолчката сочувајте ја за подоцна).
Додајте и лажичка оцет, па убаво со кујнска жица или маталка измешајте додека состојките да се соединат. Додајте 4 лажици маслиново масло, па започнете постепено да го додавате брашното во кое сте помешале сол. Мешајте со лажица или шпатула додека да се впие сета течност. Треба да добиете меко тесто кое малку се лепи за рацете.
Откога ќе се соедини тестото, полека домесете со рака додека маслиновото масло да се апсорбира во него и тоа да стане мазно и нелепливо. Садот намастете го со масло, ставете го внатре тестото и покријте го со фолија и крпа, па оставете го да ферментира 60 минути или додека да го удвои волуменот.
Од стасаното тесто истиснете го воздухот со рака без да го премесувате, па истресете го на работна површина и со помош на дланките развлечете го во поголем валјак. Тестото треба да е меко и лесно да се развлекува (затоа не треба да го премесувате).
Поделете го тестото на 9 еднакви делови и секој дел обликувајте го во топче. Вака подготвените топчиња од тесто наредете ги малку одвоени во плех за печење, обложен со хартија. Внимавајте да остане простор помеѓу печивата бидејќи ќе пораснат уште малку, а не треба да се допираат.
Сплескајте ги малку со прстите, па покријте со крпа и оставете ги уште 20-30 минути да одморат. Настрана измешајте ја преостанатата жолчка со 1 лажица јогурт, па премачкајте ги печивата одозгора. Исечкајте една црвена и една зелена пиперка на многу ситни коцки, измешајте, па наредете врз печивата.
Изрендајте малку кашкавал и распоредете го преку печивата. Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени, па печете ги 25-30 минути, додека да поруменат и кашкавало да се растопи и да стане крцкав. Деталите погледнете ги ОВДЕ.