Завчера со сопругот отидовме на гости кај сестра ми и уште од врата ни замириса на некое прекрасно јадење, па знаевме дека зет ми зготвил нешто, бидејќи тој им е главен во кујната.
На трпезата се наоѓаа овие палачинки, кои на изглед се чинеа многу невообичаено, па на момент си помислив дека ги порачале од некаде. Сестра ми ми рече дека зет ми ги направил, па да седнеме одма да ги пробаме додека не се изладиле.
Вкусот беше фантазија, тој ги наполнил со солен фил, а јас го зедов рецептот бидејќи сакам да ги пробам и благи. Покрај, тоа беа свиткани многу интересно, како некое луксузно јадење. Со сопругот се прејадовме и задоволни си отидовме дома. Ќе ви го напишам рецептот кој нас нѐ воодушеви многу. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 1 лажица гранулиран шеќер (20 г), 1 чаша млеко (200 мл), 1 лажичка сол (5 г), 2 лажици масло или путер (20 мл), 140 г брашно, 1 чаша вода (200 мл).
ЗА ФИЛОТ: 200 г фета сирење, 2 лажици млечен крем/крем сирење (40 г), 2 лажици гранулиран шеќер (40 г) или сол по вкус. Филот можете да го правите благ или солен. За благ може да ставите чоколаден крем, мед, џем, ореви, лешници, малини… За солен крем може да ставите кашкавал, шунка, кечап…
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скршете ги трите јајца кои треба да бидат отстојани на собна температура. Малку разматете ги со жица/маталка, па додајте 1 лажичка сол и 1 лажица гранулиран шеќер. Повторно соединете сѐ, додека шеќерот да се растопи, па прелијте со 1 чаша млеко. Соединете ја смесата, па додајте 2 лажици масло или растопен путер.
Преку сито, просејте го брашното, на неколку наврати и постепено соединувајте со маталката. Смесата треба да стане погуста, но да нема грутчиња од брашното, затоа се додава постепено.
Откога ќе го додадете целото брашно, добро измешајте ја смесата уште еднаш за да бидете сигурни дека не се формирале грутчиња. Бидејќи смесата треба да биде малку потечна, прелијте со 1 чаша вода и разредете ја со брзо мешање.
Смесата треба да биде течна и лесна, а доколку останала сѐ уште густа, може да додадете и повеќе вода. Сѐ зависи од брашното. Вака подготвената смеса оставете ја настрана 15-тина минути, а во меѓувреме земете едно тавче и премачкајте го со малку масло со помош на салфетка и загрејте го на ниска кон средна температура.
Кога тавчето ќе се загрее, сипете една кутлача од смесата за палачинки во тавчето (одредете според големината на тавчето, палачинките треба да излезат тенки).
Разлејте ја смесата низ тавчето, па потоа оставете да се испече од првата страна. Кога краевите на палачинките ќе почнат да фаќаат коричка превртете ја палачинката на втората страна и печете ја уште кратко време.
Палачинките се печат по 1-2 минути од страна (подолго се печат од првата страна), па потоа се вадат на чинија. На овој начин испечете ги палачинките додека да ја потрошите целата смеса.
ЗА ФИЛОТ: Во еден сад измешајте го фета сирењето, крем сирењето и една лажица гранулиран шеќер или сол по вкус (по ваш избор). Откога ќе ги испечете сите палачинки, оставете ги да се оладат, па започнете да ги филувате од првата испечена палачинка.
На средина на палачинката ставете 1-2 лажици од филот (не ставајте премногу) и завиткајте ја палачинката така што од две страни ќе ги превиткате до половина, а третата одоздола (да има изглед на триаголник).
Потоа, врвовите на секој триаголник се виткаат кон средината и се преклопуваат еден врз друг, како што е прикажано на сликата/видеото. Превртете и послужете ги сите палачинки на овој начин. Солените палачинки можете да ги премачкате одозгора со растопен путер, а слатките со растворен сируп од мед.
Филот може да го прилагодите според сопствен вкус, може да ги правите благи или солени. Самото тесто за палачинки е многу вкусно и затоа сите излегуваат меки и воздушести. Деталите погледнете ги ОВДЕ.