Потребни состојки:
500 г тестенини (ситните како полжавчиња)
150 г кашкавал
200 г шунка
2-3 обарени моркови
15 кисели краставички
1 кисела црвена пиперка или печена црвена пиперка
1-1,5 литар јогурт
200 г мајонез
Постапка:
Сварете ги тестенините во вода со малку сол. Потоа исплакнете ги со ладна вода, додадете малку масло и промешајте. Оставете да изладат.
Кашкавалот, шунката, сварените моркови, краставичките и пиперката исечкајте ги на коцкички, па додадете ги во изладената тестенина.
Потоа додадете 1 литар јогурт и мајонез, па сето добро промешајте за да се соедини смесата.
Следниот ден, бидејќи тестенините ќе ја впијат течноста, ако ви се чини дека салатата е сува, додадете уште малку јогурт (јас обично дотурам уште половина литар).
Салатата сервирајте ја во чинии, а одозгора по желба наросете со малку рендан кашкавал.
Од оваа смеса мене ми излезе една голема чинија и четири помали.