Ниедна прослава не може да помине без торти и колачиња, а како што се приближува Свети Никола, така домаќинките си ги запишуваат најдобрите рецепти за посни колачи и торти. Запишете си го и овој рецепт за освежителен колач со смрзнато овошје и посни кекси.
Помеѓу пишкотите премачкјате многу вкусен крем, потоа оладете го и тоа е сè. Многу брзо и лесно направете колач на кој никој не може да му одолее. Во оригиналната верзија се користи кисела павлака или крем сирење, но за посната верзија се добива вкусен крем кога ќе се изматат посен маргарин со посен шлаг. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г (посни) пишкоти, 200 мл (растително) млеко или сок за натопување на кексите, 250 г (посен) маргарин, 150 г шеќер во прав, 250 мл (посна) слатка павлака, 25 мл вода, 10 г агар-агар желатин (растителен), 200 г смрзнато шумско овошје или бобесто овошје по желба
ПОСТАПКА: За овој колач потребен ви е долгнавест, а длабок калап за печење леб или ролат со димензии 10х26 см. Обложете го со проѕирна фолија па дното наредете го посни пишкоти/бисквити претходно кратко натопени во растително млеко или сок.
Ако немате пишкоти тогаш користете посни бисквити кои треба да ги наредете во два слоја за да се постигне висина. Потоа преминете на подготовка на филот. Посниот маргарин исечкан на помали коцки и омекнат на собна температура, пенасто изматете го со шеќерот во прав.
Кога ќе добиете кремаста структура, во него постепено започнете да ја додавате посната/растителна слатка павлака (или посебно изматен посен шлаг со газирана вода). Продолжете да матите додека овие две смеса да се соединат во нежен крем.
Доколку не го сакате маргаринот, сета потребна количина за кремот можете да ја приготвите од посна слатка павлака или посен шлаг, само удвојте ја количината. Во посебен помал сад растворете го желатинот во малку ладна вода и оставете го настрана 10-тина минути додека да набубри.
Потоа растопете го на тивок оган/пареа или во микробранова печка, размешајте го со неколку лажици од кремот и додајте го во кремот (да не е топол). На шлагот ќе му даде цврстина и нема да „падне“ колачот. Потоа изматете кратко додека желатинот да се впие во кремот, па додајте го смрзнатото овошје.
Овојпат мешајте со лажица или шпатула. Сиот фил истурете го врз слојот пишкоти, израмнете и протресете за да се пополнат сите празнини, па одозгора наредете нов слој кекси, исто така кратко натопувани во сок или растително млеко.
Покријте со кеса или фолија и оставете да се стегне 1 час во замрзнувач или преку цела ноќ во фрижидер. Потоа превртете го, отстранете ја фолија, сечете го и уживајте во вкусот. Деталите погледнете ги ОВДЕ.