Глуварчето веројатно ви е познато како тврдоглав плевел кој упорно се шири низ вашиот тревник и градината, но кога ќе слушнете за неговите лековити својства, ќе сфатите каков благослов носи овој жолт цвет. Научно е докажано дека глуварчето има здравствени бенефити за организмот на секој човек.
Ова е списокот со дури 8 здравствени придобивки од глуварчето:
I Глуварчето е многу хранлива намирница:
Од коренот па до цветот, глуварчето е исклучително хранливо растение, полно со витамини, минерали и растителни влакна.
Лисјата од глуварчето може да се јадат во салати или да се готват, а содржат витамин А, Ц и К, но и витамин Е. Минералите се составен дел од листовите на глуварчето, а најчести се железо, калциум, калиум и магнезиум.
Коренот од глуварче е богат со јаглени хидрати инулин, кој е одговорен за здрава цревна флора во нашето тело. Коренот од глуварче често се суши и се користи за приготвување на чај, а може да се јаде без преработка.
II Тој е моќен антиоксиданс
Антиоксидансите се молекули кои помагаат во неутрализирање и спречување на негативните ефекти на слободните радикали во нашето тело. Присуството на премногу слободни радикали придонесува за развој на болести и го забрзува стареењето. Затоа, внесувањето на антиоксиданси во организмот нè прави поздрави, со младешки изглед.
Глуварчето е богато со антиоксиданти кои обезбедуваат силна заштита на нашите клетки. Повеќето од овие антиоксиданти се наоѓаат во цветот, но ги има и во коренот и листот на глуварчето.
III Помага во б орбата против воспаленијата во телото
Воспалението е една од природните реакции на вашето тело при по-вреда или б олест. Со текот на времето, прекумерното воспаление може да доведе до трајно ош-тетување на ткивата и ДНК на вашето тело. Некои студии откриле дека глуварчето значително ги намалува маркерите на воспаление во клетките третирани со соединенија од глуварче.
IV Глуварчето може да помогне во намалување на шеќерот во кр-вта
Цикоријата и хлорогената киселина се две биоактивни соединенија кај глуварчето. Ги има во сите делови на растението и можат да помогнат во намалувањето на шеќерот во кр-вта. Студиите врз животни покажаа дека овие соединенија можат да го подобрат лачењето на инсулин од панкреасот, истовремено подобрувајќи ја апсорпцијата на глукозата (шеќер) во мускулното ткиво.
V Глуварчето исто така може да го регулира холестеролот
Некои биоактивни соединенија во глуварчето можат да го намалат холестеролот, што може да го намали ризикот од срцеви заболувања. Една студија врз животни резултирала со дра-матично намалено ниво на холестерол и триглицериди кај глувци третирани со екстракт од глуварче.
VI Глуварчето исто така може да го намали к рвниот притисок
Традиционалната и хербалната медицина го користи глуварчето како диуретик, и се заснова на верувањето дека може да деток.сицира одредени о ргани. Во западната медицина, диуретиците се користат за ослободување на телото од вишок течност, што може да доведе до низок кр-вен притисок.
Една студија на луѓе покажа дека глуварчето е ефикасен диуретик. Сепак, оваа студија беше спроведена за краток временски период и во неа учествуваа само 17 лица.
VII Со помош на глуварчето можеме да го прочистиме црниот дроб
Студиите врз животни покажаа дека глуварчето има заштитен ефект врз ткивото на црниот дроб во присуство на ток-сични материи и ст-рес. Една студија открила значителна заштита на ткивото на црниот дроб кај глувци изложени на ток-сични нивоа на ацетаминофен (Tylenol). Истражувачите ова откритие го припишувале на големата содржината на антиоксиданси во глуварчето.
VIII Некои истражувања тврдат дека глуварчето го помага с лабеењето
Истражувачите тврдат дека глуварчето и неговите компоненти можат да помогнат во губење на т ежината, но истражувањата сè уште не се потврдени. Се верува дека глуварчето може да го подобри метаболизмот и да ја намали апсорпцијата на маснотиите, што доведува до с лабеење, но овие студии сè уште не се докажани научно.
Се верува дека глуварчето придонесува за подобра состојба на телото, дека може да го зајакне телото, но и коските, како резултат на калциумот и витаминот К, кој е присутен во цветот, листот и коренот на ова растение. Како се користи:
МЕД ОД ГЛУВАРЧЕ
Потребни состојки: 200 цветови од глуварче (собрани напладне, кога сонцето е високо на небото), 2 литри вода, 2 кг шеќер, 2 лимони
Постапка: наберете ги цветовите од еколошки чисто место, од ливада што не е близу до патот, и каде нема животни како што се кучиња и мачки. Потоа веднаш ставете ги цвеќињата во вода и оставете ги да отстојат преку ноќ.
Следниот ден процедете ја течноста и додајте 2 кг шеќер, а потоа варете на средна топлина додека половина од течноста да испари и да се претвори во мед. Додајте два измиени лимони, исечени на парчиња и варете уште малку. Складирајте во тегли.
Салата од глуварче:
Добро измијте ги лисјата од глуварчето, исечкајте ги и измешајте со ситно сечкан млад кромид. Зачинете со јаболкова киселина, малку сол и малку маслиново масло.