ОСЛИЧ ОД РЕРНА ВО МАРИНАДА…Сочен и многу вкусен ручек, а 1 состојка му дава посебен шмек…Ова е еден од најдобрите рецепти за ослич од рерна во маринада…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 кг смрзнат, исчистен и посолен ослич
3 чешниња лук
масло, црн пипер, сув зачин, толчена црвена лута и слатка пиперка
200 г брашно (бело, пченично)
200 г пченкарно брашно
200 г палента
За маринада помешајте:
4 лажици масло
1 лажица оцет
сечкан млад лук
сечкан кромид
ПОСТАПКА:
Сите зачини по вкус помешајте ги со брашната и палентата. Осличот од сите страни убаво извалајте го во оваа смеса, па наредете го во плех обложен со хартија и намастен.
Рибата одозгора прелијте ја со малку масло и посипете ја со црвен пипер.
Помеѓу рибите ставете чешниња лук и печете 30 минути во загреана рерна на 180 степени. Печениот ослич прелијте го со маринадата. Постапката погледнете ја ОВДЕ:
ЌЕ ГО ОБОЖАВАТЕ ОВОЈ РЕЦЕПТ…Ослич од рерна…Најлесна и највкусна подготовка…