ОСЛИЧ ОД РЕРНА на нов начин…Фантастично јадење за љубителите на здрава и вкусна риба!
Можете да испечете голема количина одеднаш, што значително го намалува времето на подготовка, а со многу помалку масло, па рибата ќе биде поздрава. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Потребно за риба:
1 кг замрзнат ослич
120 мл масло
2 лажички сол
1 лажичка сув зачин
70 г пченкарно брашно
1 лажичка црвен пипер во прав
Потребно за салата од компири:
1 кг компири
2 големи главици кромид
100 мл чаша масло
60-70 мл оцет
2,5 лажички сол
ПОСТАПКА:
Оставете ја рибата да се одмрзне неколку часа или преку ноќ. Исечете ги перките со нож или ножици, исчистете ја рибата од крлушките, измијте ја со ладна вода, а потоа исчистете ја утробата и исечете ја на поголеми парчиња.
Исушете ја со хартиени салветки за да нема влажност на површината, па потоа посолете ја (1 лажичка сол).
Во длабока чинија измешајте брашно, сол, црвен пипер и суви зачини.
На дното на тавата (приближно да го покрие дното) прелијте околу 100 мл масло и ставете ја во рерна да се загрее малку маслото.
Секое парче риба извалајте го во мешавината од брашно и зачини, па наредете го на плех. Испрскајте ја рибата со малку масло (околу 20 мл).
Печете ја рибата во рерна загреана на 180°C 15 минути. Извадете го плехот од рерна, свртете ја рибата на другата страна и печете уште 15 минути.
За салата од компири, измијте ги и излупете ги компирите, исечете ги на парчиња и варете ги во вода со лажичка сол околу половина час откако ќе зоврие.
За тоа време, излупете го кромидот и исечете го на ребренца. Префрлете сѐ во сад и зачинете со масло, оцет и една и пол лажичка сол, убаво измешајте.
Кога ќе се сварат компирите, исцедете ги и оставете ги да се изладат една минута, па префрлете ги во кромидот и убаво измешајте. Оставете на собна температура да се излади салатата.
Деталите за подготовката погледнете ги во видеото ОВДЕ: