Одличен десерт за сите пригоди, многу вкусно, евтино и едноставно: како да направите оригинални руски капи (шубари).
Потребни состојки:
7 јајца
1 ванилин шеќер
250 г шеќер во прав
100 мл вода
100 мл масло
300 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
2 лажици какао
кората се пече 15 мин на 200 степени.
За крем:
400 мл млеко
1 ванилин шеќер
3 лажици шеќер
1 лажица брашно
2 лажици густин
3 лажици маргарин
За глазура:
120 г чоколадо
2 лажици масло
и уште: 150 г кокос за валкање
Постапка:
Одвојте ги белките од жолчките и изматете ги во подлабок сад. Кога белките ќе запенат додадете 1 ванилин шеќер и продолжете со матење 6-7 минути за да добиете цврст снег.
Во жплчките додадете 250 г шеќер во прав па изматете ги со миксер 3-4 минути додека да се добие крем. Потоа додека постојано матите додадете 100 мл вода во тенок млаз. На истиот начин додадете и 100 мл масло.
Во смесата додадете 300 г просеано брашно, 1 лажичка прашок за печиво и 2 лажици какао. Соединете со миксер додека да се изедначат сите состојки во еднолична смеса. Додадете го снегот од белки и со лажица или шпатула промешајте внимателно, да остане смесата пенлива.
Во обложен плех од рерна со хартија за печење, излејте ја смесата и рамномерно распоредете ја. Израмнете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 15 минути.
За крем: Во 400 мл млеко промешајте 1 ванилин шеќер и 3 лажици шеќер, па додадете и една лажица брашно и две лажици густин. Смесата сварете ја умерен оган со постојано мешање, да нема грутчиња. Кога ќе згусне додадете 3 лажици маргарин/путер и измешајте додека тој да се растопи и соедини со кремот. Оставете на страна покриено со фолија, целосно да излади.
Проверената кора проверете ја со чепкалка дали е печена, па потоа отстранете ја хартијата. Со калап или чаша вадете кругови и веднаш сечете ги на половина.
Спојувајте ги двете половини со кремот, а потоа премачкајте ги и странично, па валкајте ги во кокос убаво да се обложат. Одозгора ставете чоколадна глазура. Деталите можете да ги погледнете во видеото: