Стапалата се важен дел од телото што честопати се занемарува.
Нозете честопати се изложени на опасност, бидејќи имаат сериозна задача да ја носат тежината на целото тело. Во стапалата има нервни рецептори кои се поврзани со внатрешните органи во телото. Со затоплување на стапалата, можеме да го зајакнеме здравјето и да го подобриме имунитетот.
Лекарите по традиционална ориентална медицина веруваат дека бањите за нозе можат да го загреат и релаксираат целото тело и да помогнат во елиминирање на повеќето проблеми кои се јавуваат кај жените.
Тие можат да помогнат во борбата против неплодност, сек-суална дисфункција, проблеми во менопаузата, неправилна менструација и болка за време на менструацијата.
Секоја вечер полнете го леѓенот со доста топла вода, помеѓу 38-42 степени и топлете ги стапалата во времетраење од 20-30 минути. Покрај вас ставете си резерна чаша со врела вода за да ја надополнувате онаа во леѓенот кога ќе започне да се лади.
За да се ослободите од настинка или грип, додадете лажица мелен ѓумбир во оваа вода.
За чистење на телото и нормализирање на шеќерот во крвта, додадете лажица сол и сода бикарбона во оваа вода.
Кога ќе ги извадите стапалата од топла вода, завиткајте ги во крпа или ставете топли чорапи кои ќе ги држите уште 40 минути, така што целата топлина рамномерно ќе се „рашири“ на телото.