Омилениот рецепт на мојот сопруг! Да може би го јадел секој ден! Едноставно, евтино и вкусно јадење…Неверојатно вкусно јадење кое сите дефинитивно ќе го сакаат!

Процесот на готвење не одзема многу време, па можете брзо и лесно да ја подготвите оваа вкусна мусака! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5-6 компири (исечени и сварени во вода си 1 лажичка сол)
1 главица кромид исечкан и испржен (3 мин)
500 г мелено месо, 5 минути пржено со кромидот
1 црвена пиперка исечкана ситно
2 лажички доматно пире
50 мл вода по потреба
зачини: 1 лажиче сол, 1 лажиче лук во прав, 1 лажиче црвен пипер во прав, 1 лажиче суво оригано, црн пипер во вкус, 1 китка младо зелено кромитче ситно сечкана

И уште: 8-10 тенки листови кашкавал

За прелив:
3 јајца
125 мл млеко
1 лажиче сол, 1 лажиче оригано
150 г рендан кашкавал за посипување одозгора

Се пече на 180°C 15-20 минути

ПОСТАПКА: Компирите излупете ги и исечете ги на коцки, па сварете ги во вода со малку сол колку да омекнат. Потоа процедете ги.

За тоа време пропржете го ситно сечканиот кромид додека да застакли, па додајте го меленото месо и пржете ги заедно 5 минути или додека да ја промени бојата и да испари вишокот течност.

Потоа додајте ситно сечкана пиперка, доматна паста, малку вода и зачинете, па динстајте додека сето убаво да омекне и соедини.

РЕДЕЊЕ: Во огноотпорен сад распоредете еден слој компири (половина) и покријте ги со тенки листови кашкавал. Врз нив ставете го филот од мелено месо и добро притиснете за да се израмни.

Повторно наредете листови кашкавал, а над нив сипете го остатокот од компирите. Залијте ги со преливот (во еден сад изматете ги јајцата со млекото и зачинете) и на крај посипете го ренданиот кашкавал.

Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 15-20 минути. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.