Сте слушнале за пиење вода со лимон, разни зачински билки и додатоци во вид на сечкано разновидно овошје и зеленчук, но денес ви претставуваме една необична верзија од која ќе имате најмалку сто благодети. Станува збор за вода со коприва, омилениот напиток на сите билкари.
Овој рецепт многу се користел уште многу одамна, бидејќи дава сила и енергија, а за него билкарите велат дека е одличен и за доилки, бидејќи ја поттикнува лактацијата, а го подобрува и имунитетот.
Факт е дека копривата претставува своевидно складиште на многу важни витамини. Содржи двојно повеќе витамин Ц од црните рибизли и лимоните, повеќе каротин од морковот, многу витамин Е, како и доволни количини на железо, магнезиум, калиум, флавоноиди и разни органски киселини кои му се неопходни на организмот.
Копривата ги поправа и активира најважните процеси во организмот, како што е работата на метаболизмот, ја зголемува отпорноста на добрите бактерии од штетните ефекти на околината, го подобрува здравјето на цревата и го зајакнува имунолошкиот систем.
Наједноставниот начин да му ги дадете на вашето тело сите придобивки од копривата е да пиете вода од коприва. Најдобро би било да користите свежа билка, набрана од еколошки чиста средина, но доколку во моментот немате свежа, тогаш користете сува.
Доволно е едно стебленце или две помали да потопите во сад со вода, и да ја оставите билката да кисне најмалку еден час, а најдобро преку цела ноќ. Може да приготвувате и поголема количина.
Процедете ја водата и пијте ја наместо други течности во текот на денот. Најдобро е денот да го започнете со чаша вода од коприва. Освен за пиење, водата од коприва може да се користи и за миење на косата.
Познато е дека копривата е еден од најмоќните природни лекови за првут, убаво ќе ги отстрани маснотиите, а косата ќе расте побрзо, ќе добие висок сјај и еластичност, и многу убаво ќе мириса на природна свежина.
Забелешка: Важно е да се користат коприви кои растат во природа, а не во град. Најдобро е да се користи свежа билка. Конcyлтирајте се со вашиот лекар пред да користите каков било природен лек.