Рецепт и Фото на Домашни рецепти – Несквик торта.

Потребни се три кори за тортата, а дадени се состојки за една кора.

Потребни состојки: 3 белки, 3 лажици шеќер, 2 лажици мелени ореви, 1 лажица брашно – Се печат 3 вакви кори.

За премачкување: 100 г чоколадо за готвење и 40 г путер/маргарин.

За крем 1: 9 жолчки, 6 лажици шеќер, 6 лажици брашно, 7 лажици несквик, 500 мл млеко, 1/3 путер/маргарин (80-90 г)

За крем 2: 400 мл слатка павлака и 2 лажици шеќер во прав

Постапка: Изматете ги белките со шеќерот во цврст снег, па со лажица додадете мелени ореви помешани со брашно и соединете внимателно. Испечете три вакви кори на 180 степени по 10-15 минути, во помал калап од 23 см.

Изматете го путерот, додадете растопено чоколадо во него и уште еднаш убаво изматете.

Разматете ги жолчките со шеќер, брашно и несквик, па смесата сварете ја во преостанатото млеко со постојано мешање додека да згусне. Оставете целосно да излади. Пенасто изматете го путерот со шеќер па додадете го во изладениот крем од жолчки.

Изматете ја слатката павлака со шеќер. Врз првата кора премачкајте со намазот од путер и чоколадо. Исто премачкјате ги и другите две кори. Преку првата кора нанесете од првиот крем, па слатка павлака и повторете ја постапката уште двапати.

Премачкајте ја целата торта со остатокот од слатка павлака, наросете со несквик или декорирајте по ваша желба.

Domacirecepti.net