Превкусна велигденска погача, мека како душа. Многу лесно се подготвува и потребни ви се само неколку минути да го замесите тестото, а после само се реди во тава и се пече. Ова е специјална велигденска погача и секогаш ја подготвувам во недела со главниот ручек.
Покрај превкусните јадења на богатата трпеза, оваа погача ја краси трпезата и одговара буквално со сè. Многу е вкусна и едноставна, а понекогаш ја подготвувам и за вечера, децата обожаваат да ја јадат со млеко или јогурт. Само следете ја постапката и дозирањето на состојките. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПOТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 850 – 1000 г брашно, 40 г свеж квасец, 1 супена лажица шеќер, 1 супена лажица сол, 4 жолчки, 1 цело јајце, 50 мл масло, 1 цела павлака (180 г), 500 мл млако млеко.
ПОСТАПКА: во подлабок сад ставете малку од млакото млеко. Не го искористувајте цело бидејќи другиот дел се става на крајот. Во млакото млеко додајте го квасецот и шеќерот. Млекото не е потребно да го затоплувате, едноставно оставете го да отстои 1 – 2 часа на собна температура пред да започнете со подготовка на погачата.

![]()
![]()
![]()
![]()
Истото направете го и со јајцата. Потоа во сад додајте 1 – 2 лажички од брашното. Измешајте малку со лажица и оставете квасецот да се активира, отприлика 10 минути. Потоа во друг сад додајте го цело брашно и потоа додајте ја смесата со активираниот квасец на средина.

![]()
![]()
![]()
![]()
По страна посолете со сол, додајте 2 жолчки и 1 цело јајце. Потоа додајте го маслото и 1 павлака и на крајот додајте го преостанатото 450 мл млеко. Потоа започнете со раце да го замесувате тестото додека да се соедини со состојките и да биде нелепливо под прсти.

![]()
![]()
![]()
![]()
Откога ќе го замесите тестото може да додадете уште малку масло во него и повторно да го замесите да се апсорбира маслото. Тестото оставете да отстои 30 минути на собна температура за да стаса поклопено со проѕирна фолија и кујнска крпа.

По изминатото време, префрлете го тестото на набрашнета површина, малку премесете го и потоа поделете го на 1 поголем дел и 1 помал дел, 2/3 со 1/3. Помалиот дел оставете го настрана, а поголемото тесто размесете го и развлечете го со оклагија како правоаголник.
![]()
![]()
![]()
![]()
Кога ќе го развлечете тестото со н ож, оформете ги страните на тестото да бидат рамни. Тестото премачкајте го со масло / путер или маргарин. Јас го премачкував со маргарин. Потоа свиткајте го во ролна.

Со помош на н ож, пресете го валјакот на половина на надолжен пресек, но пресете го така што за горниот дел да остане споено тестото, а по должина да се одвои. Виткајте ги двата дела едно врз друго како да плетете плетенка, но не затегнувајте многу.




Вториот дел поделете го на 5 делови. Развлечете еден ден во форма на круг и ставете го во сад за печење, намастен со масло или маргарин. Ставете го тестото во тавчето, а одогзгора ставете го тестото кое го свиткавте како плетенка исто валјакот направете го во форма на круг.

![]()
![]()
![]()
![]()
Други четири делови од тестото развлечете ги во круг. На првато тесто ставете маргарин и размачкајте го низ цело тесто. Потоа додајте го врз него второто тесто и повторете ја постапката и со третото.
Четвртото тесто ставете го врз третото и не го премачкувајте со маргарин. Пресечете го тестото на шестнаестинки. Секоја шеснаестинка со н ож пресечете ја поширокиот дел на средина, а врвот на триаголникот од тестото ставете го во дупката која ја направивте на тестото.

![]()
![]()
![]()
![]()
На овој начин редете ги тестата околу главното тесто во садот за печење. Може да направите и велигденски листови од тесто кои може да ги погледнете во видеото, а се прават многу едноставно и лесно.
![]()
![]()
![]()
![]()
Во посебен сад измешајте 2 жолчки, 2 кафени лажички млеко, половина лажичка масло. Со оваа смеса премачкајте го тестото. Може да ставите чиа семки, сусам или други семки врз погачата за да ја зачините повеќе.

![]()
![]()
![]()
![]()
Во претходно загреана рерна на 180 степени, печете ја погачата 35 – 40 минути. Кога ќе видите дека површината почнува да заруменува, поклопете со хартија за печење да се подготви внатрешноста. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.












