Доколку сте љубител на домашно одгледан зеленчук и ја сакате работата во градина, тогаш веруваме дека ќе бидете воодушевени кога ќе го прочитате овој метод со чија помош оваа година ќе имате голем принос. Познато е дека многу фактори влијаат врз развојот, растот и созревањето на доматите.

Една госпоѓа одлучи да го сподели својот совет, бидејќи како што таа вели секоја година има најубав род на кој цело соседство и завидува. Нејзината градина е преполна со големи и многу вкусни домати, но пред сè здрави и органски одгледани.

Она на што треба да обратите внимание уште на самиот почеток, е каква сорта купувате. Затоа, советувајте се со некој кој ги познава семињата или расадите за тоа каков вид би успеал на условите на кои ќе садите (бавча, балкон…)

домати

Ова се најважните работи на кои треба да обратите внимание

I Доматот бара добра циркулација на воздухот. Кога бирате место, изберете некое светло и проветно место. Значи, доматите треба да добијат најмалку 10 часа директна сончева светлина во текот на денот. Кога садите садници од домати, оставете доволно простор помеѓу секоја единка, за да имаат најдобра можна циркулација на воздухот.

II Кога избирате садници од домати, проверете дали билката изгледа убаво и здраво. Тоа значи да има јасна зелена боја и разгранета структура. Знајте дека лошиот и болежлив расад никогаш не може да развие толку добро растение како квалитетниот расад. Внимавајте и на коренот и на гранките. Повеќе гранки значи и повеќе плодови од домати.

III Засадете ги доматите во два потеза. Три недели откако ќе го засадите првиот круг на садници, засадете уште еден во истата градина. Направете два сета за да ги имате домати што е можно подолго во текот на летото.

Во принцип, никогаш не знаете кој сет ќе роди подобро. Бидејќи тоа не зависи само од вас, туку и од временските услови. Два сета домати ќе ја намалат можноста целата засад да настра-да од можни лоши временски услови.

IV Намалете го ризикот од заболување, т.е. напа д од штет-ници со прскање. Најздравата варијанта е прскање со син камен (при купувањето има упатство за користење). Нема да му наштети на доматот, а сигурно ќе помогне.

V Во сушен период полевајте ги доматите најмалку двапати неделно. Наводнување треба да се прави рано наутро или доцна навечер, никогаш под силна сончева светлина, за да не се предизвика ненадејно испарување, што може да го расипе доматот и да го ош-тети. Водата треба да оди директно на земја, а не врз лисјата на растението.

VI Кога доматот почнува да расте и цвета, проверете дали има гранки без или со многу малку цветчиња на нив. Ваквите гранки отстранете ги, за не му ја земаат силата на целата билка. Тие и онака нема да родат многу плодови, па попусто би ја земале енергијата на растението.

VII Кога ќе започнат да се раѓаат првите плодови, на растението му е потребно повеќе храна за да може да направи што е можно поголеми плодови. Помогнете му со додавање на компост (органско ѓубриво) околу дрвото. Како најхранлив се покажал природното ѓубриво приготвено од коприва.

VIII Берете ги доматите кога ќе бидат во целосна големина и боја. Не ги оставајте да скапуваат на стеблото. Ова ќе спречи гниење и ширење на мувла врз здравите плодови.

IX И, конечно, големата тајна на одгледување домати: Ако сакате да имате домат со исклучителен вкус, засадете магдонос во негова близина, а тој ќе им даде на плодовите совршена арома.

Што уште е потребно да знаете за доматите?

Во почвата засадете го коренот и половина од стебленцето на доматот. Заштитете го од ветер и користете ѓубриво. После првата берба можете да додадете 3 мали лажички амониум сулфат.

Домат (науч. Solanum lycopersicum, разг. „патлиџан“) — едногодишно растение од фамилијата зрнци (Solanaceae), слично на компирот. Се употребува за исхрана на луѓе и животни. Во Македонија во 2010 година се произведени 168 010 тони домати.

По потекло е од Централна, Јужна и од јужните краеви на Северна Америка – од Мексико до Перу. За прв пат ја опишал лекарот и ботаничар Матиоли во 1554 година. Поимот „домат“ е изведен од ацтечкиот збор томатотл, навлезен преку неговиот хиспанизиран облик tomate.

Доматот е зеленчук што во исхраната се употребува: свеж, конзервиран како на пример зелен поткиселен домат во туршија и зимница, како сок, прелив (кечап – доматен сос) или како зачин. Неговите плодови се богати со витамин Ц, каротин, витамин Б1 и витамин Е. Покрај витамините, во него се среќаваат и значајни количества на манган, железо и бакар.

Постојат повеќе видови на домат, кои што се одгледуваат ширум светот и во Македонија. Најпознати се: рајско јаболко поради што во повеќе средноевропски земји доматот се нарекува „рајчица“ (хрватски) или „рајчата“ (чешки), ситната сорта на црешовиден домат наречена „шери“ (cherry), јабучар, воловско срце, розев или индустриски домат итн.

Јабучар

Јабучар е сорта на домат кој изобилува со неговата големина и специфичната розева боја. Најмногу го има во околината на Скопје и во Струмичкиот предел. Тој се карактеризира со розова боја и вкус на вистински домат.

Исто така, помал број производители почнале да го одгледуваат познатиот јабучар во пластеници, сами собирајќи семе, но и покрај тоа што е произведен во заштитени услови, неговата трајност е ограничена на само неколку дена.

Во 2013 година, во Охрид изниклал јабучар со големина од еден килограм. Доматот, воопшто не бил прскан со пестициди или други заштитни средства, единствено е прихранет и испрскан против штет-ници со чај од варени коприви, а наводнувањето е со системот капка по капка со изворска или отстоена вода, која воопшто не содржи хлор.

Тајната за овој џиновски и вкусен домат се состои во навременето прскање со препаратот од коприва и навремено наводнување.

Јабучарот, кој е чист и еколошки здрав и мириса на вистински домат, се губи во последните години. Успева да опстои и во густо населени подрачја, но и во градски средини. Никнува од 7 до 15 дена од денот на сеењето. Потребна е голема влажност на земјата и топлина во првите 10 дена.

Ако садниците се многу блиску една покрај друга, тогаш треба да се расадат на друго место на поголемо растојание. Кога билките се околу 5 сантиметри големина, слободно можат да се наводнуваат преку листовите. Доматот треба да се наводнува со млака вода од 18-28°C, бидејќи ако се заливаат со ладна вода, билките можат да добијат ш-ок и да уги-нат или да имаат последици во понатамошната вегетација.