Фото и рецепт: Danijela Coso
Потребни состојки:
400 г брашно
100 мл млеко
100 мл вода
100 мл масло
1 лажичка сол
1 сув квасец
3 лажици шеќер
2 кесички ванилин шеќер
за фил 1:
400 г вишни
5 лажици шеќер
2 лажици густин
За фил 2:
2 јаболка
5 лажици шеќер
100 г суво грозје
3 лажици презла
100 г боровинки
За премачкување:
1 жолчка
2-3 лажици млеко
Постапка:
Во еден сад измешајте млако млеко со една лажица шеќер и квасец, па оставете 10-тина минути да се активира.
Штом се запени квасецот, додадете го маслото, млаката вода, остатокот од шеќерот и ванилата, па постепено додавајте го брашното со една лажичка сол. Убаво замесете мазно тесто, па оставете го покриено да стасува додека да се удвои.
Потоа тестото поделете го на два дела, а од секој дел развлечете кора. За едната кора користете го првиот фил од вишни: едноставно само измешајте ги состојките.
За втората кора пригответе го следниот фил: Изрендајте ги јаболката, па со 5 лажици шеќер и 100 г суво грозје варете ги 5-6 минути. Потоа тргнете го садот на страна и додадете 3 лажици презла и 100 г боровинки.
Кога ќе ги нафилувате корите, свиткајте ги во ролат и ставете ги во плех обложен со хартија. Одозгора премачкајте ги со жолчка разматена со малку млеко и оставете да отстои 20 минути. Потоа печете загреана рерна на 180 степени додека убаво да зарумени.
Фото и рецепт: Danijela Coso