Може да ги наречете „солени полжави“ или „мафини-крунички“, сеедно какво име ќе им дадете, тоа се прекрасни печива кои излегуваат мирисни и меки како памук. Првиот пат веднаш се изедоа, и отогаш ги приготвувам во двојна доза – Анријана.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јајце, 100 г масло, 1 кесичка сув квасец, 200 г млако млеко, 20 г шеќер, 10 г сол, околу 400 г брашно тип 400 (во зависност од големината на јајцето, но и од самото брашно колку впива, може ќе ви треба малку повеќе). И уште: 1 јајце за премачкување, семе по желба и сирење за мачкање.




ПОСТАПКА: во подлабок сад ставете млако млеко, па додајте го шеќерот, една квасичка квасец и една лажица брашно. Добро промешајте додека да се изедначат состојките, па оставете на топло 10-тина минути за да се активира квасецот.




Потоа додајте го маслото и јајцето кое отстојало на собна температура, па започнете постепено да го додавате брашното, во кое сте додале и малку сол. Мешајте прво со лажица или шпатула, а потоа тестото замесете го со рака.




Откако добро ќе го изработите, треба да добиете мазно, средно меко тесто.  Оставете го тестото малку да одмори 20-тина минути, па потоа поделете го на 15-тина еднакви делови, а приближно едно топче би тежело 50-60 грама.




Секое топче тесто развлечете го со оклагија, на дното засечете ленти но не до крај, па премачкјате со крем сирење (сирење кое може да се мачка), па започнете да виткате од долу кон нагоре (да добиете кифла-гасеница).




Вака добиената кифла свиткајте ја како полжав. Премачкјате ги калапите за мафини со путер, па во секој отвор редете по еден полжав-кифла. Покријте ги и оставете ги на топло место малку да стасаат.




Потоа одозгора премачкјате ги со изматено јајце и наросете со сусам, ким, или некои семки по ваш избор и вкус. Рерната загрејте ја на 200 степени, па ставете ги кифлите да се печат околу 20-тина минути додека убаво да заруменат. / Анријана / Сооlinarika.com Рецептот низ фотографии: