Се користи тркалезен калап 32 см

Потребни состојки:

6 белки
4 лажици брашно
6 лажици шеќер
Ќе ви биде потребно уште: 100 г нутела, лешници и бисквити

За фил:

1 литар млеко
8 лажици густин
6 жолчки
10 лажици шеќер
1 пудинг од ванила
200 г путер
3 ванилин шеќер
100 г чоколадо за готвење

Постапка:

Филот сварете го од дадените состојки (освен чоколадото) во млеко, додека убаво да згусне, па кога ќе излади изматете го со путерот за да се соедини. Добиениот крем поделете го на два дела: во едниот дел додадете го растопеното чоколадо.

За кората: калапот (32 см) обложете го со хартија за печење и намастете го со путер, па наросете лешници. Белките изматете ги со шеќер во цврст снег, па потоа брашното постепено додавајте го со лажица и промешајте внимателно за да остане воздушесто. Потоа смесата излаејте ја врз лешниците и израмнете. Печете 15 минути на 180 степени.

Кога ќе се испече кората, превртете ја, па од страната на која се наоѓаат лешниците премачкајте со нутела и наредете бисквити.

Врз бисквитите излејте го белиот крем, а потоа и чоколадниот крем (помеѓу белиот и чоколадниот крем може да наредите уште еден ред бисквити). Можете дополнително да ставите и шлаг доколку сакате.

Украсете со крупно мелени лешници. Тортата оставете ја неколку часа во фрижидер за да излади а кремите да се стегнат, па потоа сечете ја и послужете ја. Вкусот е фантастичен!