Кроасаните се меки како памук, а истовремено крцкави одозгора, а толку миризливи, што уште пред да ги вкусите – ќе знаете дека ќе бидете освоени. Ова е прекрасен и уникатен рецепт за вистински пекарски кроасани за кои, верувам дека истиот нема да го пронајдете никаде на друго место – Аурора.
Овие кроасани можете да ги правите празни, а може да ги полните со џем, лешников крем, сирење или што и да посакате по вкус. Кога ги правам солени, тогаш ги правам поситни, а кога ги полнам со крем како овојпат, ги правам поголеми, баш како вистински кроасани.
Потребни намирници: 250 мл млако млеко, 250 мл млака вода, 8 г сув квасец (една кесичка или половина коцка свеж квасец), 2 лажички шеќер, 100 мл масло, 2 лажички сол, 750 г брашно, 1 путер/маргарин од 250 г. За премачкување: 1 јајце + 1 жолчка
Постапка: во еден подлабок сад измешајте 250 мл млако млеко, исто толку млака вода, додајте една кесичка сув квасец и една лажица шеќер. Јас не ставам јајца во тестото, значи ова тесто се приготвува беа јајца и сепак излагува меко како душа.
Промашајте за да се растворат и изедначат состојките, па додајте малку брашно и една лажичка сол и 100 мл масло. Би требало да биде доволно вкуспно 750 г брашно. Ова навистина е еден одличен рецепт кој веќе со години го применувам и немам намера да го променам, бидејќи кроасаните излегуваат совршено.
Откако ќе ги измешате убаво состојките започнете постепено да го додавате и остатокот од брашното и замесете убаво мазно тесто. Најпрво со лажица и рака, а на крај убаво изработете го на набрашнета работна површина.
Тестото формирајте го во векна за да можете полесно да го поделите на 12 парчиња. Секое парче формирајте го во топче (колку повеќе топчиња, толку повеќе путер ќе ви биде потребен, бидејќи со премачкување добивате полиснато и поубаво тесто). Некогаш правам со 18 топчиња – колку повеќе топчиња, толку е поубаво тестото.
Секое топче со помош на оклагија развлечете го тенко со големина на една голема плитка чинија, па преку цела површина премачкјате ја кората со омекнат путер. Можете и сите дванаесет кори да ги развлечете, па потоа да ги премачкувате (така ми е поедноставно и побрзо).
Значи, секоја кора ја премачкувате со растопен путер, па врз неа ја ставате сладната кора и малку притиснувате со рацете и постапката ја повторувате до последната, 12-тата кора која не се премачкува одозгора.
Откако ќе ги наредите сите дванаесет кори една врз друга, наросете брашно и со помош на оклагијата развлечете една голема кора, не премногу тенка, но да не е ниту дебела, приближно 6-7 мм.
Потоа исечете ја кората на триаголници со големина по ваша желба: повеќе и помали триаголници – мали кроасани, а поголеми – поголеми кроасани. На пошироката страна од секој триаголник ставете по една лажичка крем или фил по ваш избор.
Како што кажав и претходно, овие кроасани се многу вкусни и ако ги оставите празни. Доколку ги полните, подвиткајте ги малку од страна за да не истекува филот и виткајте ги со подвлекување. Витканите кроасани редете ги во плех обложен со хартија за печење.
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Додека се загрева рерната оставете ги кроасаните малку да стасаат и да го зголемат својот волумен. На страна изматете едно цело јајце и една жолчка, па премачкајте ги одозгора кроасаните со помош на силиконска четка.
Бидејќи кроасаните ќе бидат слатки, овојпат не наросувајте сусам или други семки, бидејќи одозгора ќе ги наросиме со шеќер во прав. Ставете ги да се печат во загреаната рерна на 180 степени и печете ги 20-25 минути.
Печењето прилагодете го според вашата рерна и внимавајте да не зи загорат. Откако малку ќе подизладат можете да ги наросите со шеќер во прав и да ги послужите. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.