Рецепт за интегрална проја со зеленчук и сирење
Овој рецепт за интегрална проја е совршен спој на здравје и вкус, идеален за секоја прилика.
Подготовката е едноставна, а резултатот е мека, сочна и неодоливо вкусна проја што ќе ги воодушеви сите околу трпезата.
Со комбинација од зеленчук, сирење и зачини, ова јадење е вистински избор за оние што сакаат здрава, а сепак вкусна храна, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 5-6 јајца
– 400 г кисело млеко
– 200 мл газирана минерална вода
– 100 мл масло
– 1 кесичка прашок за печиво
– 1 лажичка сол
– Зачини по вкус (оригано, босилек или црвен пипер)
– Семки по избор (ким, ленено семе или сусам)
– 1 главица кромид
– 2-3 пиперки
– 100-150 г суво месо по избор
– 10 лажици овесни снегулки
– 10 лажици пченкарно брашно
– 3 лажици пченично брашно
– 1 парче сирење (околу 100 г)
– 200 г рендан кашкавал
– НМД
Постапка:
1. Во длабок сад изматете ги јајцата, па додајте го киселото млеко, минералната вода и маслото. Добро измешајте за да се соедини смесата.
2. Во течната смеса додајте го прашокот за печиво, солта, зачините, брашното, овесот и семките по ваш избор. Промешајте за да се распоредат рамномерно.
3. На тивок оган, во тава со неколку лажици масло, пропржете го ситно исечканиот кромид и пиперките додека да омекнат. Потоа додајте го ситно исечканото суво месо и пржете уште кратко.
4. Пропржениот зеленчук и месото оставете малку да се подизладат, па додајте ги во течната смеса и промешајте.
5. Во смесата додајте три лажици пченично брашно, ренданиот кашкавал и ситното сирење. Сè добро соединете.


6. Смесата префрлете ја во плех обложен со хартија за печење.
7. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 40 минути или додека пројата да добие златно-кафеава боја.
8. Откако ќе се испече, оставете ја кратко да се излади, па исечете ја и послужете ја.
Пријатно јадење! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:











