Референтните вредности на Д димерите не се исти за сите, објасни тој. Дознајте кои се фактори на ризик за појава на тромб и неговите симптоми.
Д димер е вредност за која пред панде-мијата ретко се говореше, а сега се чини како целата јавност „одеднаш“ знае што е тоа. Оваа бројка во резултатите од анализите укажува на можна појава на тромб, објасни интернистот агиолог д-р Драган Васиќ во емисијата „РТС Ординација“.
Кои се симптомите на појава на тромб на кое било место во телото? Се јавува во рацете, нозете, белите дробови… Постојат ли универзални симптоми?
„Најчеста е тромбозата на венскиот систем во вените од долните екстремитети, односно потколениците. Пациентот ќе почувствува б олка во листот, кожата ќе ја промени бојата, ќе се појави оток, а сето тоа преу-предува дека нешто не е во ред.
Ќе се појават видливи испакнатини на површината од вените, зголемена чувствителност и б олка, тие може да бидат тврди на допир и б олно чувствителни. Обично е локализирано само на едната нога“, објасни д-р Васиќ.
Во 90% од случаите се јавуваат во нозете, а само 10% во горните екстремитети и тогаш истите се поврзани со примање на инфузија, некоја инфекција или чести убо-ди со игла во површината на вената.
„Симптомите се слични, отокот се појавува ако воспалението се пренесе во длабоката вена. Потешкотии со подвижноста, промена на бојата на кожата и б олка се слични симптоми како и на долните екстремитети“, објасни докторот.
Тромб во белите дробови, односно тромбоемболија, е релативно ретка манифестација, но најчесто е фа-тална, преду-преди д-р Васиќ.
„Белодробна емболија се карактеризира со б олка во градниот кош, искашлување кр-в, забрзан пулс, пациентот добива изразени тегоби и бара помош. Претходно, не мора да има никакви други симптоми, ниту отежнато дишење“, објасни тој.
Референтните вредности на Д димерите често ги збунуваат пациентите, бидејќи истите не се исти за сите подеднакво. „Слушаме“ за број од 500, но тој не е фиксен, а факторите од кои зависат се бројни – меѓу нив се и годините.
„Дури и малку зголемените вредности може да укажуваат на тромбоза, дури и ако се само малку над референтните. Ние тие 550 мора да ги согледаме во однос на годините. Имено, Д димерите растат како што старееме, па поинаку се толкуваат референтните вредности после 50-тите години.
Ако имаме 55 години, сметаме дека според ЕЛИСА тестот, референтната вредност од 500, за оваа возраст ќе биде 550. За 60 години ќе биде 600, за 70 – 700, тоа не се патолошки состојби, туку вредностите растат поради стареењето. Исто така, докажано е дека вредностите се повисоки и кај пу-шачите, но и кај трудниците“, објасни докторот.
Присуството на тромб е само една од причините за покачен Д димер, кој може да биде предизвикан од неодамнешна опера-ција, пов-реди, заболување на црниот дроб, малигни заболувања … Акутното кр-вавење може да биде причина за раст на Д димерите, дали тоа значи дека жената во текот на мен-струалниот циклус може да има покачени вредности?
Говориме за кр-вавење кое не е неприметно, туку големо, а тоа може да биде и циклус, но мислам дека тие вредности ќе бидат сосем малку покачени, нешто над референтните и нема да биде драстично. Кога станува збор за поголемо кр-вавење, има пациенти кои ваделе заб или повеќе заби истовремено.
Но, тие правеле Д димер, бидејќи претходно имале проблем со тромбоза. Секој што вади заб секако дека не оди да проверува Д димери, бидејќи тоа не е рутинска работа. Но, постојат и многу важни фактори кога станува збор за вредностите, односно за референтната вредност 500.
Ако некој има Д димер преку 4000, тоа значи дека нешто алар-мантно се случува во организмот. Кај 30% од пациентите тоа најчесто укажува на карцином. Кога постои толку многу висока вредност, тогаш најверојатно станува збор за малигна болест која треба да се детектира и испита“, објасни тој.
Некои поголеми пов-реди можат исто така, да предизвикаат покачени вредности, како и бременоста. Тромбофилијата во бременоста е тема за која често се говори, дали некои од трудниците се во поголем ризик од другите?
„Оние трудници кои претходно имале тромбоза или воспаление на длабоките вени, ако доаѓаат како пациенти кои имале спонатни помет-нувања, тоа може да укажува на тромбофилија. Лекарот – гинеколог ќе укаже на ова со сомнеж дека постои состојба која би требало да се испита“, објасни докторот.
Болестите на црниот дроб, хроничните како што е цирозата на пример, исто така може да бидат причина за покачен Д димер. Замастениот црн дроб и воспалението и други помалку сериозни болести, исто така, можат да ги покачат вредностите.
„Дури и грипот или уринарна инфекција може да бидат тригер. Бактериите, вирусите…сеедно. Хематолошките болести, пореметувањата со коагулацијата, чести убо-ди со игла поради терапија – може да предизвикаат создавање на тромб, но кај помал број случаи. Секако, нема секој кој ќе извади к-рв или добие инфузија, да добие тромбоза“, изјави докторот.