Овој ручек со ќофтиња е неодолив на вкус, многу ни се допаѓа особено на мене и децата, па редовно го правам во најразлични варијанти. Кога ќе ми остане вишок мелено месо, одма се прискривам во кујната и за час ги формирам ќофтињата.




Може да се прави со најразлични сосови, од тиквички, до кашкавал, доматен сос, кари…Голема е листата со што можете да го комбинирате меленото месо, а сега ќе ви покажам како јас го подготвувам. Еве кои состојки ќе ви бидат потребни:




Најпрво земете си соодветна грамажа мелено месо, колку што мислите дека ќе ви биде потребно, јас отприлика правам по 500 грама, па соодветно на тоа зачинувам со сол, зеленчуков зачин (вегета), црн пипер, лук во гранули, а може да додадете и други зачини кои што ви се допаѓаат.




Додајте 1 лажица презла (може и брашно ако немате презла) и половина или цела главица ситно сечкан кромид. Измешајте со раце убаво додека состојките да се распоредат низ целото месо. Може да додадете и сосем малку масло, а за покремаст вкус на месото може да ставите и 1 жолчка од јајца.




Со помош на мало лажиче кое ќе ви служи како мерка, формирајте со рацете мали или средни ќофтиња. Рацете можете далку да ги намастите со масло или да ги навлажните со ладна вода. Настрана сварете 1 кг компири, а потоа направете го следниот сос:




Во малку запржен путер додајте 1 лажица брашно и измешајте додека да се направи смеса од овие состојки. Додајте сосем малку млеко, а потоа прелијте со 1 мало пакување томатело сос. Зачинете по вкус и гответе со повремено мешање додека да се згусне сосот.




Во еден огноотпорен сад наредете го пирето од компирите кои претходно сте ги изгмечиле. Убаво распоредете го компирот низ тавата да има насекаде подеднакво бидејќи тоа е всушност кората на останатите состојки.




Одозгора наредете рендан кашкавал, а потоа ставајте ги ќофтињата на тавата. Прелијте со сварениот доматен сос и одозгора повторно прелијте со кашкавал. Печете во претходно загреана рерна на 250 степени околу 30 минути или повеќе во зависност од јачината на рерната. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.