Тестото е навистина прекрасно и сè што ќе направите од него излегува одлично. Прекрасно е за пица, за крофни, мекици, кифлички, разни погачи, па дури и леб. Има многу рецепти за лудо тесто, ама верувајте ова се разликува од сите нив, зошто е најлудо, а рецептот е од баба ми.

Потребни состојки: 250 мл млеко, 1 лажичка шеќер, 1 коцка свеж квасец, 500 г меко брашно, 500 г остро брашно, 1 прашок за печиво, 2 јајца, 2 х 200 г јогурт, 3 лажици шеќер, 3 лажици масло и 1 лажичка сол

Постапка: Во еден сад загрејте 250 мл млеко да биде млако, додадете лажичка шеќер и издробена коцка квасец. Промешајте и оставете на топло место 10-тина минути за да се активира. Во друг сад измешајте ги двата вида брашно, па по ред додавајте прашок за печиво, шеќер, масло и сол.

Додадете ги јогуртите на собна температура и изматените со виљушка јајца. Во смесата додадете го активираниот квасец, па мешајте со лажица додека да се изедначат состојките. Понатаму продолжете да месите со рака додека да добиете убаво мазно тесто кое не се лепи на раце. По потреба додадете уште малку брашно.

Измесеното тесто ставете го во најлонска кеса, истиснете го воздухот и кесата врзете ја. Оставете го во фрижидер да отстои 4 часа, а потоа може да се користи. Од тестото сечете си по потреба, а остатокот може да стои во фрижидер до седум дена. Ова тесто исто така е одлично за пица, како и за други разни солени и благи печива.

Coolinarika.com