Хелдата помага кај кардиоваскуларни болести, а особено кај зголемен крвен притисок и дигестивни проблеми.

Покрај тоа, исклучително е корисна за губиток на вишокот килограми. Ефикасноста е 100%, без гладување!

Одамна е докажано нејзиното лековито дејство за бројни здравствени тегоби. Бидејчи ја подобрува меморијата, во споредба со другите житарици, хелдата е нискокалоричен продукт, кој содржи многу протеини, аминокиселини, железо, магнезиум, калиум, фосфор, јод, витамин Б1, Б6.

Нутриционистите често ја препорачуваат во менито на луѓе болни од анемија, хипертензија, болести на црн дроб.

ДИЕТАТА ТРАЕ 14 ДЕНА

После две седмици поминати на оваа диета може да изгубите 7 до 10 килограми, а воедно и да го исчистите својот организам и да го одморите својот желудник и црева.

РЕЦЕПТ ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА ХЕЛДА

Одвечер прелијте ја хелдата со врела вода. Процедете и повторно прелијте ја со врела вода. Овојпат, на една чаша хелда во зрно ставете 1,5 чаша врела вода.

Може да приготвите една, дбе или три чаши одеднаш, колку што сакате и колку што имате потреба. Прво пригответе една чаша, па потоа ќе ја регулирате количината по вкус и апетит.

Поклопете и оставете преку цела ноќ. Не треба да се вари. Следниот ден може да се консумира.

КОНСУМАЦИЈА

Хелда е дозволено да се јаде колку што сакате, без зачини, сосови и сол. Единствено може да додадете малку соја сос, колку да го подобрите вкусот.

Во текот на денот треба да се испие еден литар кефир (не повеќе од 1%-1,6% мм).

Задолжително треба да се пие вода, колку што сакате, но не помалку од 1,5 литар дневно. Добро е покрај водата да пиете и зелен чај. Дозволено е и кафе, но без шеќер. Пожелно е последниот оброк да биде 4 часа пред спиење.

Во текот на денот може да јадете овошје и зеленчук и една лажица мед. Без сол и други зачини.

Диетата со хелда не е гладување, не би требало да измате чувство на глад.

Уште една напомена: Кога ќе ја завршите диетата, слабеењето продолжува, па така, конечното месрење на вага може да го направите после 3-4 денови, бидејќи чистењето на организмот продолжува и по завршувањето на оваа диета.