Рецепт и видео прилог на “Шерпица”: Бабин колач – галети. Вкусни и мирисни колач по добриот стар и проверен рецепт. Од оваа мера се добиваат околу 100 парчиња, а можат да стојат доста долго.
Потребни состојки: 250 г путер/маргарин/(или 200 г маст), 900 г брашно, 4 големи јајца, 200 мл млеко, 400 г шеќер, 1-2 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво и кора од лимон или портокал за арома
Постапка: Путерот растпете го и малку изладете го да биде млак. Во брашното промешајте го прашокот за печиво. Во посебен сад изматете ги јајцата со жица, па додадете го млекото, шеќерот, ванилин шеќерот и рендана кора од лимон.
Промешајте, па додадете го растопениот путер и соединете. Додадете го брашното и убаво измешајте додека да добиете кремасто тесто.
Загрејте го апаратот за галети, вклучете го на 4 и почекајте да се изгаси светилката. Ставете две полни лажици и притиснете па пете 2-3 минути или според упатството на вашиот апарат. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: